Се фалат дека заработуваат по дијаспора, а понекогаш во лето „штрбави“ се враќаат и трчаат одма на забар

0

На социјалните мрежи се особено интересни полемиките меѓу нашинците во дијаспората и оние Македонци кои живеат и работат во Македонија. Може да се заклучи дека дилемата не е каде е поубаво за живот, бидејќи тука има консензус дека е тоа Македонија, туку дали вреди за парите кои се заработуваат да се биде одвоен од семејството и пријателите.

Сепак, многу нашинци кои подолго живеат во европските или прекуокеанските држави, нагласуваат дека тие си имаат создадено круг на пријатели и дека не им недостига социјалниот живот. Се разбира, во сабота и недела, бидејќи преку недела се работи.

Наидовме на еден интересен коментар од Игор Ј. кој напиша:

„Јас не знам, се натфалувате волку пари правите, толку правите, но јас имам роднини и пријатели по Германија и Швајцарија, кои кога ќе дојдат во Македонија, првите десетина дена неможам да ги видам и тоа од едноставна причина – трчаат по лекари и забари.

Двајца мои пријатели се имаат вратено и „штрбави“, без по еден заб, бидејќи веројатно им било скапо да прават коронка или мост таму кај што се, па тоа го прават во Македонија.

Па ако живеете во странство и ако се фалите дека ви е добро, ваљда можете на еден забар да одите“, констатираше Игор.

На овој негов коментар се надоврзаа многумина со слични тези, а зошто е тоа така, ќе ви презентираме подолу. Имено, Дојче Веле минатата есен направи истражување која е причината што дијаспората не може да си дозволи, или може, но се прескапи стоматолошките услуги во странство.

„Гастарбајтерите лесно се навикнуваат на предностите на Запад, подобар стандард и сигурен живот. Но, кога доаѓаат на одмор во Србија, задолжително ја користат приликата за неколку погодности кои ги имаат само тука.

Владимир Трбовиќ речиси 30 години живее во странство, прво во Москва, потоа во Рим во последните 19 години. Роден е во Србија, се оженил со жена од Ниш, а кога и да дојде во Србија, има иста маршрута. Вели дека никогаш не пропушта две нешта: да оди во кафеана и на контрола кај стоматолог.

„Стоматолозите во Србија се подобри од италијанските бидејќи се пошколувани. Ние имаме некоја година и пракса плус и кога ги користат најдобрите материјали од Швајцарија и Италија нема никакви проблеми“, тврди Владимир кој по овој разговор оди на уште една контрола пред да замине за Рим.

Освен довербата во стручноста на српските лекари која ја истакнува, додава и дека има огромна разлика во цените. „Разликата во цената е она што не` тера да одиме на контроли кога сме тука, па дури и оние кои инаку не сакаат забари.

А, разликата е и по 10 или 15-кратно поголема во Италија. Ако тука можам да поправам заб за 20 евра, во Италија тоа чини 100 и тоа само за прегледот. Значи таму се плаќаат и по 200, 300 или 400 евра за компликувани зафати, така што разликата е навистина голема“, вели тој.

Но, што прави кога ќе го заболи заб во Италија? Владимир вели дека во тој случај има стоматолог од доверба во Рим и тоа некогашниот од Во еномедицинската академија во Белград, но дека таму оди ако „баш мора“.

Слични искуства има и доктор Александра Ѓорѓевиќ Младеновиќ, која има стоматолошка ординација. Во август доаѓаат значително поголем број пациенти, но ги има се` повеќе и во текот на годината.

Главно се луѓе од Германија, Швајцарија, Австрија, Шведска. Објаснува дека довербата има голема улога затоа што чекаат годишнен одмор за да се оди на забар.

„Тие таквите работи ги завршуваат кај нас, некогаш се случува да имаат акутни болки и тогаш мораат да одат таму на стоматолог. Скоро имав пациентка од Германија, тие не знаат кај кого да одат, немаат препорака, па одат кај некој најблизок, а тие се главно студени, особено Германците, не се срдечни и не будат доверба и тогаш ми велат – ете бев, поправив заб, ама не е тоа тоа’. Сепак, тие имаат повеќе доверба во нашите забари, без разлика на цената“.

А, цената не е занемарлива, па игра уште поголема улога. И Александра потврдува дека во Европа услугите се десет пати поскапи за тоа што таа како специјалист за вилици го прави, а тоа се мобилни и фиксни протези.

„На пациентите им е апсолутно исплатливо да дојдат до Ниш, да платат авионски карти, да стават фиксна протеза и да дојдат еднаш на два месеца на контрола особено што осигурувањата таму не покриваат такви стоматолошки услуги“.

Таа објаснува и дека не постојат разлики во материјалот во Србија и Германија. „Користиме исти материјали, главно од Германија, Швајцарија, Америка, зашто во Србија не постои фабрика за стоматолошки материјал“, вели докторката.“, се вели меѓудругото во текстот на ДВ.

Фото: Илустрација

Претходна статијаРамуш Харадинај откри што разговарале со Слобо кога се сретнале во ходник во Хаг
Следна статијаВо однос на 2019, ова лето се очекува цените во Грција да бидат и до 60 проценти поефтини