Германската амбасада информира кога ќе бидат отворени термините за визи овој месец

Сè поголем е интересот за германски работни дозволи во последните неколку години, особено од медицински лица, но и од други професии.

Не е мал бројот и на оние кои одат од туристички причини и посета на роднини, но за лицата кои сакаат да работат, потребна е работна виза, за која пак постојат месечни квоти.

Германската амбасада ги информира граѓаните на нашата земја, дека листата на чекање на термин за работна виза согласно чл.26 став 2 од Одредбата за Западен Балкан („Регулатива за Западен Балкан) е затворена во моментот, затоа што за термините што стојат на располагање за следниот месец веќе има доволно пријави. Од тие причини листата на чекање на термин е затворена.




Листата на чекање на термин за следниот месец наскоро ќе биде пуштена. Ве молиме бидете уште малку трпеливи..

Прашањата за текот на постапката не може да бидат одговорени. Во меѓувреме веќе може да ги подготвувате потребните документи за поднесување на виза. Барањето може да се поднесе само со комплетни документи.




Листа на чекање за термин за национални визи

Сега имате можност во секое време да ги внесете Вашите податоци во предвидената листа за регистрација на термин и во секој случај ќе го добиете најраниот можен термин. Овластување на трети лица за да Ви закажат термин не е ниту потребно ниту пак има смисла.

Предвидената листа за регистрација е поделена на:




– Виза за приклучување кон семејството и за приклучување на деца

– Виза за плава карта / ЕУ, стипендии, студенти, чираци со германски договор за пракса

– Визи за кваликувани работници со завршено стручно образование кое е веќе признато во Германија




Откако ќе ги внесете Вашите податоци во листата, во рок од 30 минути ќе го добиете првиот мејл-потврда со понатамошни податоци за постапката како и регистарски број.

Ве молиме имајте во предвид дека времето на чекање меѓу регистрацијата и потврдата на терминот може да изнесува неколку месеци поради големата побарувачка во моментот. Од тие причини Ве молиме да се откажете од поставување на дополнителни прашања.




Денес германската амбасада на својот профил на социјалните мрежи, објави кога ќе биде отворена листата за пријавување за месец ноември.

-Листата на чекање на термин за таканаречената Регулатива за Западен Балкан за месец ноември ќе биде отворена за регистрирање на 05. октомври 2021 г. во 11:00 часот.

Ве молиме имајте во предвид дека по исполнувањето на месечниот контингент, листата ќе биде затворена.




Доколку не сте во можност да се регистрирате за месец ноември, тогаш имате можност да се регистрирате во наредниот месец за декември.

Регистрациите на термин за вработување според Регулативата за Западен Балкан следат во посебна листа на чекање за термин и може да бидат во следните периоди:

-од понеделник до четврток меѓу 09:30 и 16:30 часот како и




-петок меѓу 09:30 и 13:00 часот

Претходна статијаБрена застана на страната на бившата на Мирослав Илиќ, верува дека Девин му е син
Следна статијаСе упокои Сергеј Ќетковиќ, збунувачки наслови на српските портали, луѓето помислија дека е пејачот, а не новинарот