Голем Македонец: Ова е човекот од Австралија кој донираше 28 илјади за малиот Јаков (ФОТО)

Јаков од Кочани наместо да се радува како секое мало детенце имаше тежок почеток во животот. Откако поминал две оп ерации, сега е потребно лекување во Истанбул, Турција, кое родителите не можат да си го дозволат.




Во ваква ситуација е нормално да се запрашате „зошто Боже“, како што се прашува и Елена од Кочани, мајка на малиот Јаков, кој на само 10 месеци го почувствувал најстрашното искушение во животот- борба за здравјето.




За Јаков деновиве се упатуваат апели за помош од финансиски средства, бидејќи по две операции тука, треба да замине на лекување во Истанбул, Турција.

Беа покренати повеќе акции по социјалните мрежи за малиот Јаков, но еден човек се издвои по својата великодушност.




Џим Ристевски, австралијанец со македонски корени, кој за неполни два дена успеал да собере преку неговата мрежа на деловни партнери и пријатели приближно 28.000 австралиски долари, за хемотерапија и лечење на двегодишниот Јаков.

Познатиот бизнисмен и филантроп по трет пат со своја иницијатива успеа да ја вклучи заедницата во Австралија за помош.




„Јаков, ти си мал борец, твојата насмевка ги стопи срцата на Австралијаните. Тука, кога сме повторно во локдаун, сите ги отворивме нашите џебови за да помогнеме.

Инаку сум татко на три деца и едноставно не можев да замислам да не се вклучам да помогнам“, вели Ристевски кој ѝ е познат на македонската јавност по два претходни хумани гестови.




Во 2016 година, кога се случија големите поплави тој успеа да собере 10.000 австралиски долари за малиот Ведран Велиновски од Крива Паланка, кој ги загуби своите мајка и брат на скопската обиколница.




Лани повторно се јави како организатор на иницијатива за собирање донации во која ја вклучи неговата ќерка Медисон Ристевски, средношколка од Волонгонг, Австралија.

Таа ѝ припаѓа на четврта генерација Австралијци со македонско потекло и изработувајќи средношколски проект, ги заинтригира светот и дијаспората.




Донациите доаѓаа од хумани луѓе од Австралија, Кина, Филипините, Нов Зеланд, Малта, Канада, САД. А беа наменети за реконструкција на Медицинското училиште Д-р Јован Калаузи од Битола, кое беше во очајна состојба.




Ристевски кој е татко на три дечиња и самиот вели дека како родител не можел, а да не му помогне на малиот Јаков.

Претходна статијаМи рече, или вака ќе правиш, или да си ги собереш „парталите“ и да те нема – си ги собрав
Следна статијаИмунизацијата си го направи своето – бројките се во силно опаѓање и до крајот на октомври во Британија се очекува комплетно смирување на вирусот