Медицинска сестра: Доктори, засрамете се – дајте им на жените анестезија

Медицинска сестра од Хрватска собра храброст и призна дека освен над пациентите, одредени доктори се иживуваат и над медицинските сестри. Таа е едногласна и вели дека на ова мора да се стави крај.

Притоа призна дека во болниците има насилство.Раскажа дека како медицинска сестра доживеала се и сешто. Притоа потенцира дека како таа, така и други нејзини колешки молчеле поради страв од понижување и губење на работата.

„Навистина има доктори на кои треба да им се забрани да работат со луѓе. И самата сведочев на киретажа на живо кај еден пациент. Го молев докторот да и стави анестезија на жената, но тој ја штедеше анестезијата. Видов дека жената ја боли, сите му говоревме дека мора со анестезија, но тој продолжуваше и не слушаше. На крај киретажата ја одложи за друг ден со општа анестезија. Се наметнува прашањето, зошто ја малтретираше жената? Сакаше што побргу да се заврши работата“ огорчено вели медицинската сестра.

Loading...