Момче од Македонија бара жена во Швајцарија за брак од интерес: Плаќам 3 илјади од старт

Почитувани, редно ми е и јас да се пофалам. Мојот работен ден започнува во 4 часот наутро и завршувам во 16:00 на ручек.




Во родно Скопје патувам 1 час до работното место од рангот на бунарџик или сл. Како во Африка ми се примањата. Секој ден распишуваат огласи за ефтина работна сила. Технолози , Електроничари, погонски работници.




Работното искуство ми е следно : погон за производство на електро плочи, ( висок ризик/ радиоактивен погон )погон за производство и точење на пиво тешка физичка работа.

Моето работно искуство е доказ дека прифаќам и сакам предизвици за да успеам.Работам на високо ризично место за да добијам на средина на месец македонска “плата “при следните високи услови




-Задолжителна употреба на ХТЗ носење заштитен шлем, гас маска, железни кондури; Примена на ISO 9001; Безбедност и заштита при работа; Обуки за гаснење пожар; Високо ризична средина; Ризик по здравјето




Нешто што кај вас се наплаќа и нуди кариера.Како последица од долги работни часови и истоштеност добив потрошени нерви и изгубив социјални контакти.Овој чекор е конечна одлука не се враќам назад.Кога ќе имам стабилен старт за таму.Смештај и храна и превоз до работа.




Затоа, На било која девојка/жена со европски документи во швајцарија нудам брак од интерес со следнве квалификации:

1) за оваа потреба имам во план износ од 3000 евра кои ќе ги добие невестата на потпишување на претбрачен договор првиот ден од склучување на брак во Швајцарија.




2) зависно од тоа каков договор и што ќе биде предмет на интерес со девојчето/жената ќе потпишам на нотар за 60% од платата да припадне на идната партнерка до добивање статус во Швајцарија.

3) Високо образование покрај гимназијата




4 ) Искуство како вилушкарист

5) Се служам со Албански, Англиски течно. Во процес ми е и возачката. Вакциниран против Ковид19

Сѐ правам за да успеам до свои 25 години самостојно. До сега ќе имав малце повеќе пари кај вас. Би прифатил и старт како хигиеничар. Зошто да ме одберете мене?




1) затоа што за разлика од друг европеец од мене ќе добиете многу повеќе 2) финансиски па и емотивно 3) спремен сум да работам само за основните потреби до добивање на статус под услов потпишан договор на нотар.




4) за разумен компромис нудам перспектива 5) имам мотивација за успех. Не сум огорчен. Разочаран сум. Во тоа име барам девојката/жената во најскор можен рок да се јави во пораки.

Без сомнежи. Бракот е интерес и онака. Благодарам, Теодор.




(Статусот е превземен од групата Македонци во Швајцарија)

Претходна статијаПромената беше тешка напорна, напати и болна и мачна: Снеже Велков искрено за својот животен пат
Следна статијаКрушата под круша паѓа, ова е ќерката на Снежана од Звезде Гранда, талентот го наследила од мајка си (ФОТО)