Рамуш Харадинај откри што разговарале со Слобо кога се сретнале во ходник во Хаг

0

Многу лидери, и високи функционери од поранешните југословенски простори, во изминатите петнаесеттина години, беа соочени со правдата, околу не делата кои ги правеле, во специјалниот суд кој беше оформен, во Холандскиот град Хаг.

Од нашата земја, со хашките истражители се соочија Љубе Бошкоски и Јохан Тарчуловски, кој и си ја одлежа пресудата која му беше определена.

Хашкиот трибунал работи и денес, а последни политичари кои се соочуваат со правдата се Ратко Младиќ, Радован Караџиќ, но од скоро и поранешниот косовски претседател, Хашим Тачи.

Еден од оние кои поминаа низ хашките „ходници“, но успеа како слободен човек да се врати од таму е поранешниот косовски премиер, Рамуш Харадинај.

Рамуш Харадинај во свое интервју пред некое време, зборуваше за средбата со поранешниот претседател на СРЈ Слободан Милошевиќ во ходниците на зградата каде беа сместени во Хаг.

Харадинај раскажа за средбите што ги имал со Милошевиќ и размената на меѓусебно „дофрлување“, што го прашал и каков бил одговорот на поранешниот лидер на Косово.

– Го видов неколку пати, бевме на различни катови, јас на третиот, тој на првиот поради возраста и близината на работните простории за адвокати, но обично кога имавме посети или состаноци со адвокати, го користевме истото заедничко простории – рече Харадинај.

Тој додаде дека разговарале со Милошевиќ два или три пати.

– Кога го видов за прв пат, не го препознав, порано го гледав само на телевизија, убаво облечен, додека овде беше приземен, исп лашен, носеше елек за риболов со многу џебови и разговараше со мене во Англиски.

На некој лош англиски јазик, тој ме праша – дали сум јас тој? Не знаев со кого разговарав и застанав да го погледнам, а тој ми рече: „Јас сум Милошевиќ“, затоа што бевме доста далеку – истакна Харадинај.

Како што изјави Харадинај, Милошевиќ го прашал: „Како ти се чини овде?“

– Првото прашање што ми го постави, и тоа беше еден вид цинизам, како – фала му на Бога што дојде. Му реков не знам, веќе долго време си тука, како си?

Се разбира, имаше чувари и персонал, тој ми рече дека ќе се уверам како е.

Тој потоа ме праша како е таму долу, а јас му одговорив со прашањето, каде таму долу? Бидејќи не знаев дали ме прашува за Косово или за Србија.

Тој рече, таму долу во Косово, на што јас одговорив дека не е добро – рече Харадинај.

Фото: Јутјуб принтскрин

Претходна статијаКарлеуша го покажа змијското тело, обожавателите во неверување како изгледа во петтата деценија
Следна статијаСе фалат дека заработуваат по дијаспора, а понекогаш во лето „штрбави“ се враќаат и трчаат одма на забар