Се сеќавате ли на Дивна Пешиќ – таа во САД успеа да направи нешто што на многумина не им успеало

Своевремено беше најдобрата македонска стрелачка и во исто време сликарка, Дивна Пешиќ веќе подолг период живее во Америка со сопругот Блаже и синовите Стефан и Виктор и освен со сликарство не се занимава со ништо друго.




– Мојот животен сопатник и мојата вистинска љубов, Блаже, го пронајдов на 33 години, иако се знаевме од деца во Кавадарци и сме иста генерација, сепак судбината не спои во Њујорк, многу подоцна, изјави во една прилика Дивна и додаде:




Децата дојдоа спонтано, како производ на нашата љубов, па Стефан го родив на 34 години, Виктор на 36, и со оглед на возраста пресреќна сум што родив две здрави и прави деца и без потешкотии.




Стефан го доби името по свекор ми Стефан Грозданов, додека за Виктор така одлучивме заедно со сопругот, со оглед на тоа што татко ми е Благој, свекрвата Благица, а сопругот Блаже, некако не ни одеше да го крстиме и него така… премногу Блажевци и Баговци…па така го одбравме ова име, кое е интернационално.




Ликовниот уметник и поранешен шампион во стрелање, Дивна Пешиќ, отвори сопствена галерија во Денвил, Америка.

Свечениот настан се случи есеноска, во присуство на многу гости и почитувачи на делото на младата кавадарчанка, која веќе неколку години наназад живее и твори во САД. Во галеријата која го носи името Дивна Пешиќ Арт Галери, изложени се 120 дела од уметницата, техника масло на платно.




За „Фокус” таа тогаш појасни дека е горда на себе и на своето семејство кое и ја дало безрезервната поддршка за да си го оствари сонот. Вели дека да се твори сопствена галерија е сон и престиж за секој уметник, посебно во овој период на светска криза поради пандемијата.




-Пресреќна сум, возбудена… Навистина сум горда на реакциите на американската публика кон мојата уметност, затоа што знаат да ја почувствуваат енергијата и магијата на моите дела и да и дадат вредност која ја заслужува.




А, моите дела секогаш се инспирирани од смисолот на животот, љубовта, моралните вредности, трагање по доброто во секој човек, борбата помеѓу доброто и злото, реалноста и предизвикот на нереалноста.

Секое дело носи порака, симбол кој би сакала да го инспирира човекот да биде подобар и да се брои на добрата страна на светот – вели Пешиќ.




Појаснува дека во ова време – невреме, потегот да отвори своја галерија во Америка бил навистина предизвикувачки, но се надевала и верувала во подобри времиња за целиот свет. И актуелната состојба со вирусот се нашла на нејзино дело, кое освоило трето место во светот на натпреварот Американ Арт Авардс.




Претходна статијаБаба и дедо нон-стоп плачеле, соседите пријавиле, дошла полиција – нема кој не го допре оваа приказна
Следна статијаКунгуловски: Кај заразените со Делта сојот се детектира 1000 пати повеќе вирус