Зорана по зголемувањето на градите: Солзи ми течеа, не можев да станам

Зорана Јовановиќ, српската модна блогерка која направи естетска хирургија со која ги зголеми градите, се реши да прозборе за болките кои следеле по операцијата.

Јовановиќ иако со години зборуваше дека ги сака своите мали гради, сепак одлучи да се оперира, а потоа своето искуство го подели со илјадници следбеници на социјалните мрежи. Своето болно искуство таа го раскажа за порталот на „Блиц“.

„Првиот ден по операцијата станав од кревет за да одам во тоалет. Таа болка беше, како од десната страна некој да ми ставил некој жар. Многу ме болеше, како да горев. Првите неколку дена не можев да станам сама, мораше некој да ме турне од позади, а мене ми помагаше медицинската сестра. Ми требааа сто години за да стасам до тоалетот, а кога се вратив во кревет, мојот мозок знаеше дека веќе нема да станам тој ден затоа што многу ме заболе“, раскажа Зорана.

„Таа ноќ воопшто не спиев. Утредента, ме пуштија дома од болница, а пред тоа кога станав за да јадам, сестрата ме подигна затоа што не можев сама. Болката беше уште поголема. Солзи почнаа да ми капат. Ѝ реков на сестрата: Јас не одам никаде, морам да останам уште овде, не можам да станам, многу ме боли“, откри модната блогерка.

Loading...