Мислите дека 120 со 80 е нормален притисок? Епа, вие сте во голема заблуда

Постои мислење дека нормалниот крвен притисок е 120 со 80 и дека сите вредности над тоа се алармантни, па се препорачува преглед и контрола кај кардиолог. Но, има промени.

​
Европското Кардиолошко Здружение вовело нови упатства, според кои нормален е 140 систолен и 90 дијастолен притисок.

Проф. др. Бранко Белесилин, кардиолог од Клиничкиот центар на Србија, пред светскиот ден на срцето, за српскиот Blic дал изјава за најновите критериуми.

​
“Повеќето луѓе сметаат дека 120 со 80 е нормална вредност на притисокот. Меѓутоа, крвниот притисок до 140 со 90, односно граница која се смета за нормална.

Тоа сепак, не важи за дијабетичарите, за кои границата е 130 со 80, како и кај постарото население”, вели Белеслин.

Претходно, меѓутоа, се сметаше дека доколку некое лице има притисок 130 со 80, декатоа веќе се наоѓа во претхипертензична состојба, и дека мора да пие лекови за да не се зголеми ризикот од инфаркт или срцев удар.

​
Меѓутоа, како што сè се менува, така се поместуваат и овие граници. Во Европа критериумите за висок притисок се малку пофлексибилни, со тоа што треба да се води сметка и да се обрати внимание на пациентот за да не се појават компликации кои би можеле да бидат предизвикани од висок крвен притисок.

​