Јасмин на Гавазова се занимава со градежништво. Тој е инвеститор, и на социјалните мрежи често објавува фотографии од проектите – становите кои ги продава, а инаку тој изгради и вила со поглед на Дојранското езеро за себе и за своите три принцези.
Пред извесно време, Јасмин објави слики од него како ужива во спа центар, и се релаксира покрај базен и напиша дека е време и тој малку да се одмори по напорната работа со градежните проекти и продажбата на станови.
Јасмин освен што проектира куќи и тоа го прави успешно низ Европа, изгради куќа во Дојран за своите принцези, а кога не работи ужива во адреналински споротови.
На една од сликите на неговиот Инста профил, Јасмин покажал како вози мотор, и тоа токму над Дојранското езеро кое му е на дланка на оваа слика.
Дали овој поглед кој го објавил е погледот близу вилата која се прави во Дојран или не, останува да видиме, но на други слики, тој покажал дека има колекција од мотори и дека ужива да вози по неасвалтирани, земјени патеки.
Во една прилика, Гавазова изјави дека со Јасмин се запознале за време на нејзина турнеја, и по само еден месец тој ја побарал нејзината рака. „Јасмин е човекот кој го барав цел живот.
Сѐ се случи бргу, но јас сум среќна“ – изјавила таа веднаш по свршувачката своевремено.
Во една прилика, Јасмин на својот Инстаграм профил има објавено слики од сите свои четири деца. Со Сузана, тој ги има ќерките Емили и Селена.
А претходно, тој има два големи сина, кои се прекрасни момчиња, и си наликуваат со татко им.
„Мојот живот“, напишал Јасмин до овие слики и објавил фотки од неговата голема гордост, двата сина и двете ќерки.
Јасмин постојано ја фали неговата сопруга, каде и да ја објави, пишува само пофални зборови за неа. Се гледа дека Гавазова и Јасмин се многу вљубени еден во друг, како и првиот ден, а плод на нивната голема љубов се двете ќеркички.
Гавазова неодамна беше во Австралија каде имаше турнеја, а Јасмин, како и секогаш ја придружуваше својата сакана, на настапите.
Сузе објавуваше многу видеа од настапите, а на нив можеше да се забележи дека нашинците во дијаспората многу се забавуваат на нејзиниот глас и нејзините песни.
Сепак, изгледа дека не е сѐ така идилично и покрај тоа што Сузе е многу вредна, постигнува сѐ да заврши, и со настапи, и по дома да зготви, нејзиниот сопруг објави дека неговата сакана е изморена.
Јасмин тоа го прикажа на многу интересен начин, каде што Сузе заспива на јавно место додека чекаат, а после се разбуди и збунето го погледна својот сопруг.
Јасмин на видеото напишал: „Животот на естрадните уметници“, што сака да каже дека на Сузе ѝ е напорно.
View this post on Instagram