Вака изгледаше селото на Атиџе пред да се сними „Медена земја“ – еве што забележаа режисерите, а го нема во филмот (ФОТО)

0

Не треба да има разочарување за тоа што не добивме Оскар. Срамота е да има разочарување, нас секој ден ни се случуваа Оскари. Најважното, сепак, беше тоа што Атиџе беше тука.

Таа беше главната ѕвезда, истакна еден од режисерите на документарниот филм „Медена земја“, Тамара Котевска минатата година, во одговор на новинарските прашања на денешната „онлајн“ прес-конференција од Холивуд.

Котевска вели дека успехот со „Медена земја“ веќе е постигнат, а тоа го докажуваат двете номинации за Оскар, нешто што според неа, нема да се повтори во скоро време и тоа треба да се запамети.

-Имаше еден прекрасен настан што вреди да се доживее во животот. Мислам дека најбитното вчера беше за Атиџе што беше таму присутна. Ние со филмот нашето го направивме и сметаме дека успехот е постигнат, појасни Котевска додавајќи дека има разлика кога се прави филм за реални ликови и поминуваш со нив четири години, и кога имаш измислени ликови.

Кога се работи со реални ликови, режисерката рече дека одговорноста е многу поголема затоа што овие ликови не си заминуваат од твојот живот, тука остануваат.

-Едноставно, сите документаристи кои ги видовме годинава, а што немавме можност да ги запознаеме, поминале низ такви животни ситуации со тие филмови што не им дозволуваат да постапат поинаку освен со солидарност до колегите кои поминале низ истото. Имаше еден преубав момент што се случи пред да ги најават номинациите.

Седевме сите заедно од номинираните документарци, сите станаа се гушнаа и се договоривме доколку победи некој од нашите филмови, сите номинирани документаристи да излезат на сцена.

Но, поради организација на оскарите тоа не беше возможно. Сепак, имаше едно најискрена намера тука, и тоа е најубавото чувство за таква колегијалност, додаде Котевска.

Режисерот Љубомир Стефанов на денешната олајн прес-конференција што новинарите ја следеа во МКЦ, истакна дека филмот „Медена земја“ е направен на крајно ентузијастична основа и како што рече, горд е што со еден потфат, без скапи опреми, но со добра идеја и ентузијазам добиле две номинации за Оскар.

– По ова патешествие од пет години, кое искрено не измори, јас лично едвај чекам да почнам да работам на нов проект.

Подготвувам нешто, и секако дека овие номинации носат олеснување за понатамошно наоѓање на финансии, наоѓање копродуценти, но мислам дека најважно е домашното да се подготви и од мојата страна за да можам да го понудам. Веројатно имаме повеќе можности сега, рече Стефанов во одговор на прашањето кои се нивните идни планови.

Според продуцентот Атанас Георгиев, филмот произлегува од индивидуалци, а пренесува универзална порака и таа порака се пренесува низ цел свет, истакнувајќи дека ја смениле историјата и начинот на гласање на целата Академија и документаристиката од сега натаму ќе се гледа поинаку.

Прашан за мислење зошто токму „Американската фабрика“ освои Оскар, тој појасни дека станува збор за квалитетен филм зад кој стои „Нетфликс“.

Откако јавноста минатата земја упати апел за помош на главната протагонистка на документарецот „Медена земја“ Атиџе Муратова е во тешка финансиска состојба, регираше екипата на „Медена земја“, македонскиот кандидат за Оскар. Во соопштението до јавноста, тие објаснија колку им помогнале на Атиџе и на семејството Сем.

„Документаристичкиот филмски кодекс советува дека филмските работници не треба да ги следат, соработуваат, помагаат или на каков било начин да интервенираат во животот на протагонистите.

И покрај оваа практика, ние одлучивме да им помогнеме затоа што целосно се соживеавме со нив, од почетокот на идејата до најзначајните успеси на филмските фестивали.

Правилата ги прекршивме со добра намера и притоа ангажиравме тим од правни и социјални работници кои нѐ советуваа како да ја реализираме помошта за Атиџе Муратова и семејството Сем.

За таа цел го основавме здружението на граѓани „Бекирлија“ преку коешто досега беа спроведени следните активности за помош на протагонистите:

–На Атиџе Муратова, по нејзина желба, ѝ беше купена куќа, која дополнително беше комплетно опремена (ентериер, бања, покуќнина, кревет, машини за домаќинство итн.) Обезбедени беа преку сто пакети со храна и лекови и приватни лекарски прегледи. Секоја зима беа обезбедени дрва за огрев.

Се погриживме и за нејзините патувањата на фестивалите во светот: Нион (Швајцарија), Сараево (БиХ), Aјвалик (Турција), Њујорк и Холивуд (САД), на кои, покрај билетите за превоз, беа обезбедени и сместување и личен асистент.

–На семејството Сем им беше подарено возило; неколкупати се правеа интервенции во куќата, со цел да им се обезбедат услови за зима; купена е покуќнина, постојано им беа праќани лекови и големо количество храна, со што ова семејство би ги задоволило условите за прехранување на подолги периоди. Дополнително беше обезбеден и компјутер, за децата непречено да ја следат онлајн-наставата оваа учебна година.

–На отворената сметка за протагонистите собрани се средства, а меѓу другото, со свои издвоени средства учествуваше Владата, како и Советот на Град Скопје.

–Исто така, како дополнителен проблем се јави и социјалната помош, која протагонистите ја земаат редовно. Доколку им беа исплатени други средства, тогаш, по автоматизам, социјалната помош ќе им беше укината.

Затоа, од институциите чекавме да биде изработен модел за месечно исплаќање на конкретна сума, без да ја изгубат постојната социјална помош.

Со цел да не се доведува јавноста во заблуда на каков било начин, одлучивме сите досега собрани средства одеднаш да бидат префрлени на протагонистите, наместо да се најде правно решение тие да добиваат месечни надоместоци, а притоа да не биде загрозена социјалната помош што веќе ја примаат.

Дополнително, здружението „Бекирлија“, како и страницата за донации, ќе бидат затворени. Би сакале да нагласиме дека Атиџе Муратова, за нејзиното учество во документарниот филм, има потпишано документ, со кој ни дава право да го користиме нејзиниот лик и дело во филм.

Во документаристиката постои принцип да не им се плаќа хонорар на протагонистите, ниту да се интервенира во нивните животи.

Но, ние, сочувствувајќи со нив, сепак одлучивме да им помогнеме. Горенаведените донации и активности се доказ дека тие не само што не беа заборавени од екипата туку, напротив, им беше дадена несебична помош.

Екипата на филмот не заработила од милионските суми, презентирани на некои медиуми. Тие пари завршуваат кај дистрибутерите кои вложија финансии во кампањите за промоција на филмот. Всушност, кампањата за „Оскар“ чинеше повеќе од вкупната презентирана сума.

Македонија и светот се полни со силни приказни што заслужуваат да бидат документирани, а ние ќе продолжиме да создаваме со несмален интензитет и посветеност. Личности како нашите протагонисти има многу, но документаристи сме малкумина.

Документарниот филм е медиумот што ние знаеме добро да го работиме и длабоко веруваме дека со следните проекти на кои работиме повторно ќе ги освоиме филмските фестивали. Нашата работа како промотори на културата продолжува.

На крајот, би сакале длабоко и најсрдечно да им се заблагодариме на сите медиумски куќи што од почетокот соработуваат со нас и го поддржуваат филмот“, се вели во соопштението.

Како што е познато, Атиџе сега живее во селото Дорфулија, во нова куќа за чија иницијатива за изградба за започна нејзината пријателка Марија Дуда, а на Атиџе многу ѝ помогна нејзината пријаталка Сузана Турунџиева, откако цела зима ја помина кај неа во Скопје.

Фејми Даут, директорот на фотографија на филмот, објави слики од селото Бекрирлија пред да се снима филмот.

Тој до објавата напиша:

„Кога за првпат ја запознавме Медената земја… Иако во филмот ги нема, змиите се исто дел од таа природа.“

Претходна статијаНапиша зборови за кои постарите и рекоа: Секоја чест за ова Снеже
Следна статијаСваќата на Цеца не ја симнува насмевката од лицето, има и добра причина (ФОТО)