Напиша зборови за кои постарите и рекоа: Секоја чест за ова Снеже

0

Снеже Велков, нашата позната водителка, многу често на својот ѕид на социјалните мрежи, пишува статуси кои потоа со денови се коментираат и споделуваат.

Таа е пилатес инструкторка, а на социјалните мрежи стана позната по изреката „Блескај“! Снеже неодамна напиша уште еден емотивен статус, кој погодува право во срце.

Овој пат, Снеже зборува за тоа дека не им обрнуваме внимание на своите постари родители.

“Добро мамо. Аха Важи, јадев. Добри се децата” Ај имам работа…

“Кажи тато. Ај не можам сега- друг пат. Најчести муабети со старите ни родители. А ним не им е тешко пак да заѕвонат, и нема да се налутат ако им кренете после 6 пат.

И пак исто ќе ве прашаат и муабет за нив битен ќе ви направат,додека вие ја оддалечувате слушалката од уво.. ЕХ СТАРОСТ БЕЗЛИЧНА…

Едно време активни и потребни. Денес статистика и редица пред банка. Едно време стручни лица-денес шетачи по пазари. Едно време советници-денес посматрачи.

Едно време со Господине насловувани денес -Дедовци заборавени. Едно време почитувана професорка-денес стара пензионерка.

Едно време инженер, почитуван колега и соработник -денес другар со бастунот.

ЧУДНО КАКО СО СТАРОСТА СЕ ЗАБОРАВА НА СИТЕ УСПЕСИ,ТИТУЛИ И ВРЕДНОСТИ!

Едно време Мојот татко е најсилен на свет. Секој 8 март песничка за мама и прегратка денес:

“Абе стариот нешто ме замара и ај заборавив овој празник, кога ќе можам ќе ти купам цвеќе”.

Чудно е како со староста стануваат помалку потребни, помалку видени и помалку чуени…

А имаат да кажат многу, само не ги дослушуваме оти брзаме, оти сме активни и потребни, оти сме професори и инженери, оти сме стручи лица и советници, имаме успеси да бркаме и со титули да се китиме…

Ах старост безлична…Статстико сурова…“. Секоја чест за овиое зборови Снеже!

Претходна статијаМу цвета бизнисот на пејачот Зоран Ванев во Швајцарија (ФОТО)
Следна статијаВака изгледаше селото на Атиџе пред да се сними „Медена земја“ – еве што забележаа режисерите, а го нема во филмот (ФОТО)