Оваа приказна за животот на Благоја Грујовски не е позната- „Не биди прост“ му рекол татко му а потоа се сменило се

0

“Татко ми сакаше да бидам музичар, мајка ми интелектуалец, а не тезгар. И ете им ја исполнив и на двајцата желбата“,рече во една прилика Благоја Грујовски во интервјуто за „Репортер“.

Ретко кој знае дека е роден во Белград, дека е дете на студентска љубов, но дека корените му се од Лазарополе.

Отсекогаш важел за човек кој остава впечаток кај жените. За него се зборувало сешто, триста муабети, афери за кои вели „ме погодуваат, оти не е баш сè така“.

„Јас не ум таков како што ме зборат. Јас сум повлечен, диксретен човек. Сум превал и јас глупости ко сите. Ми прилепувате секакви приказни, а мојот живот е ист како на другите“, вели Баже во разговорот за „Репортер“.

Благоја Грујовски беше гостин во емисијата Еден на еден заедно со неговите колеги од народната естрада а тоа се Наум Петрески, Ленче Кукиќ и Горан Кукиќ.

Таму нашиот познат пејач, а во последно време и водител на емисијата „Везилка“ раскажа мошне интересни детали и тоа до сега неслушнаи од својот живот. Почна со песната Тушно јабано, која од срце се пее и денес, особено кај нашинците во дијаспората.

-Туѓино јабано“ беше некој сплет на околности. Претходно бев новинар и свирев саксофон во група. И воопшто немав никаква идеја, ниту желба, ниту потреба.

Ние бевме група „Мераклии“ и јас свирев саксофон, бев таму во втор план, плус работев во Македонско радио како новинар. И тоа сериозен новинар, со сите нишани.

А ова ми беше како некое убаво и квалитетно хоби, затоа што јас заработував од тоа хоби. И ние успеавме некако да се најдеме на листата на „Цветници“ 1993 година.

И во последниот термин во студио кога требаше да се снима песната, тие што требаше да пеат не беа нешто добри со гласот и некој мораше да ја испее песната. И, покажуваат со прст на мене.

И ме фатија од двете страни вака, и ме внесоа во стдуио. Мораш! Они знаеја дека можам да пеам, само што немав потреба таму во таа група.

И така, ја снимивме песната, кавалчето тука одигра битна улога. Јас воопшто не го носев тоа кавлче, тоа си беше во куферот на саксофонот. Се мислевме што да има соло, каво соло во песната.

И така ставивме осум такта таму, и тоа беше бум. И башка после тоа, немавме ние идеа дека таа песна ќе успее, затоа што немаше фидбек, немаше интернет немаше јутјуб, немаше ништо…

-Јас дури и се откажав од музика, ја напуштив групата, ќе правам новинарска кариера, тоа што миу е работа. Во ноември месецмтатко ми ми понуди една песна која наводно му останала за некој друг.

И ми вика: Сакаш да снимиш една песна? Не бе какво снимање, таман се спасив од музика, се тргнав. „Абе, не биди прост, ми вика. Пробај.

– И ајде, како се вика? Која песна? „Јано мори Јанинке“. И така се сними песната и стана бум. За месец дена стана хит. И сакал- не сакал, кога бев дежурен на смена во радио, во Дневник, се јавува сренографката и вика:

– Те бараат од Тетово на телефон. Јас мислев дека е дописникот. „Не е дописникот, овде е директорот на хотел „Македонија“. Да дојдеш да поеш за Нова година во Тетово.

Како? Јас не сум пејач. Ако нема врска“, раскажал Благоја, а целтото видео можете да го видите ТУКА.

Претходна статијаНи дадоа помош само 1.000 евра, им ги вративме парите со Зуица- Наум ептен се налути!
Следна статијаВнукот на актерот Трупче, Филип, се занимава со опасна професија, а ова е неговата приказна