Внукот на актерот Трупче, Филип, се занимава со опасна професија, а ова е неговата приказна

0

Ѓорѓи Тодоровски- Трупче е еден од нашите најпознати актери а неодамна се пензионираше. Тој е сопруг на пејачката Росана Сариќ- Тодоровска со која има ќерка.

Тодоровски е роден во 1956 г. во Битола. Дипломирал на Факултетот за драмски уметности во Скопје 1979 г. во класата на професорот Љубиша Георгиевски. Во 1981 г. се вработил во Драмскиот театар во Скопје.

Работел со многу познати тетарски режисери, а своите почетоци ги врзува со Слободан Унковски во претставите „Ослободување на Скопје“ и „Хамлет“.

Со својот професор, режисерот Љубиша Георгиевски работел во претставите „Црнила“, „Еригон“, „ЈУ-антитеза“ и други.

Улоги кои се паметат се и оние во претставите „Рибарски караници“, „Викенд за мртовци“, „Зојкин стан“, „Дон Жуан“, „Ладало“, „Прости дарови“, „Жени во народното собрание“, „Дедо Мраз и Феферона“, „Хамлет од Долно Гаштани“, „Мачка на вжештениот лимен покрив“..

Забележливи му се и улогите во многу детски претстави. Учествувал скоро на сите позначајни театарски фестивали, а зел учество и на гостувањата во Бугарија, Србија, Хрватска, Словенија, БиХ, Италија и други места.

Во исто време учествувал во многу ТВ-проекти како ТВ-драми и ТВ-филмови, играни серии и детски ТВ-серии. Својот талент го покажал и во над 50 радио-драми како и во 4 играни филмови:

„Време води“ на Бранко Гапо, „Хај фај“ – В.Блажевски, „Војници“ – Стјепан Заниновиќ и играниот италијански филм за Мајка Тереза „Глас“, каде што ја оствари улогата на Лоренцо, на познатиот италијански режисер Брунело Ронди.

Голема популарност стекнал и во ТВ-емисиите за кулинарството каде со својот шарм и вештина стана пионер и бренд за ваквиот тип на емисии.

Трипати бил избран за најпопуларно ТВ-лице, а двапати за најпопуларна личност во Македонија од весникот Вечер.

Во своите улоги Ѓорги Тодоровски се претставува како творец со култивиран талент, со потресни акценти и изразена глума. Во 2022 година се пензионира во Драмски театар – Скопје, пишува Википедија.

Трупче од јули од 2022 година е во пензија од Драмскиот театар каде што работеше, а неговите пријатели Драган Спасов- Дац и Александар Митевски ја објавија оваа радосна вест на Фејсбук.

– Нашиот пријател и “мераклија” на нашите песни, актерот Ѓорѓи Тодоровски – Трупче, денес си доби од нашето ново ЦД.

Трупче тогаш во Драмски ја одигра последната престава и замина во пензија. Веста ја сподели неговата сопруга Росана, која објави и фотографија од претставата во неговиот матичен театар, каде што е од 1981 година.

„Ти благодарам што ме научи да го сакам театарот, ти благодарам за секојпат кога бараше совет од мене при градењето некој лик.

На тој начин и јас барем малку се чувствував како да ја исполнувам мојата неостварена актерска игра“, напиша ќерка му Ивана. Трупче е многу горд на својата ќерка која има два сина, но е горд и на својот внук.

Филип Тодоровски е младо момче од Битола кој си го остварил својот сон да стане пилот, а неговата приказна ја пренесе Читај.бе

Битола можеби нема аеродром (патнички), но има КАПЕТАН. Кога нареден пат ќе летате со Wizz Air, доколку го слушнете името Филип Тодоровски кој ќе ви се претстави како вашиот капетан на летот, знајте дека е младиот битолчанец кој од мала возраст сонувал да стане пилот.

И да, токму така, соништата се исполнуваат ако силно се посветиш на нив со јасна зацртана цел пред тебе. Точно како Филип.

Со неговата посветеност, големата поддршка од семејството, отстапките кои мораше да ги направи, го оствари неговиот сон и од јуни 2022 година тој станува капетан.

– Имало многу интересни случки кои ќе ги паметам, но посебно би го издвоил летот од Лондон до Скопје, на кој што мојата сопруга баше патник.

Јас не требаше да го работам тој лет, но во договор со колегата којшто требаше да го работи летот и со дозвола на компанијата ги заменивме летовите, па после објавата која ја направив за патниците и во која се претставив и кажав дека јас сум пилот на тој лет, тоа беше едно убаво изненадување за неа и еден горд момент за мене.

Исто така имало и други летови кои ќе ги паметам, најчесто поради операции, да кажеме во малку понеобични и комплексни временски услови, што е составен дел од нашата работа, но секогаш е убаво чувството кога еден лет безбедно ќе се заврши и патниците ќе стигнат на својата посакувана дестинација, бидејќи за мене како пилот, безбедноста на моите патници е секогаш од најголемо значење.

Имам навистина голема поддршка од моето семејство, тие биле и сé уште се мојата најголема поддршка, сигурно без нив не би стигнал до она што сум денес.

Колку што било потребно од моја страна да учам и да направам одредени отстапки и жртви во мојот живот за да станам пилот и од тоа да биде мојата професија“, изјавил Филип, внукот на Трупче.

Претходна статијаОваа приказна за животот на Благоја Грујовски не е позната- „Не биди прост“ му рекол татко му а потоа се сменило се
Следна статијаНе ги бројам парите од бакшишот, ги давам на други, не ми се толку важни- Благица Павловска ептен изненади со оваа приказна