По уривањето на авионот на Лајон Ер: Нешто се случувало во пилотската кабина

0

Националната агенција за пребарување и спасување на Индонезија соопшти дека се пронајдени делови од опремата за слетување од авионот на компанијата Лајон ер што се урна во понеделникот во морето.

Пронајдени се тркалата и голем дел од трупот.

Откривањето на овие делови се случува еден ден откако иследниците ја пронајдоа црната кутија со податоците од летот ЈТ 610 на нискобуџетската компанија Лајонер, кој се урна на рутинскиот домашен лет. Сето ова треба да го даде заклучокот зошто се урна авионот боинг 737 Макс 8 произведен во 2018 година, при што загинаа 189 патници и екипажот.

На прес-конференцијата во пристаништето “Танџунг Приок” во Џакарта, Мухамед Сијаки рече дека агенцијата за пребарување користела друга стратегија за време на своите операции за да ги лоцира авионските делови.

Стратегијата подразбира зацврстување на брод што припаѓа на нафтена компанија, бидејќи бродот веќе ја познавал локацијата. Било користено и далечинско управувано возило (ROV). Сијаки рече нуркачите од Агенцијата, морнарицата и полицијата биле испратени во областа. Тие денеска планираат да користат бродски кран за да ги извада остатоците од опремата за слетување.

Вчера беа објавени фотографии од рекордерот на податоците за летот. Заменик-директорот на Националната комисија за безбедност на сообраќајот (KNKT), Харио Сатмико, за Си-Ен-Ен изјави дека ќе треба две до три недели да се обработат податоците од црната кутија, а уште два до три месеци да ја анализираат.

Капетан Даниел Путу Кункро Ади, директор на “Лајон групацијата”, кој го поседува “Лајон ер”, како и други авиокомпании, одби да понуди какви било објаснувања за несреќата.

-Како компанија чекаме резултат од Националниот комитет за безбедност во сообраќајот кој работи со црната кутија” за да се утврди што не беше во ред, изјави Ади.

Во неделата авионот “Боинг 737 Макс 8” – нов авион, кој имаше само околу 800 часови летање на часовникот – ја прелета линијата на Бали-Џакарта на Лајон Ер и доживеа проблеми со одржување на височината, вели за Си Ен Ен Роби Гахару, менаџерски консултант, кој бил на летот авионот JT43 во неделата кој доцнел околу два часа при полетувањето од индонезискиот туристички остров.

-Кога патниците на крајот се качија работите изгледаа нормално, но кога авионот полета, се чувствуваше како да се бори да се искачи. Мислев дека можеби тоа беше предизвикано од турбуленции, а после 10 минути, авионот пропаѓаше. Луѓето беа во паника, објаснува Гахару, додавајќи дека овој проблем со висината го потврдила и веб-страница за следење на летови.

Во очекување на информации за тоа зошто сосема нов авион се урна во морето само 13 минути по полетувањето, FlightRadar24 објави податоци кои покажуваат дека авионот се однесувал невообичаено за време на полетувањето.

Вообичаено авионите на самиот почеток се искачуваат, но авионот на Лајон Ер доживеал пад од 726 метри за 21 секунда. Експертот за воздухопловство, Дејвид Соуси, изјавил за Си-Ен-Ен дека последните мигови на летот биле “надвор од нормалниот режим на мануелен лет“.

“Нешто се случуваше во пилотската кабина, или нешто со што се обидуваа да се справат со автопилот”, вели тој.

Претходна статијаНиколоски: Пола живот сум го поминал по европските метрополи а Заев прв пат се качи во авион за Брисел кога стана претседател на СДСМ
Следна статијаМладиот Марко од Скопје, оваа есен блесна во Мотокрос и Ендуро шампионатот на Македонија