Здравствените работници кои биле на одмор, за да се вратат на работа ќе мора да бидат имунизирани или да приложат негативен тест – Србија повлече решителен чекор

0

Потребни се две дози од вакцината против Ковид-19 за да се постигне заштита од делтата варијанта на корона вирусот, објави Европската агенција за лекови (ЕМА).




Европскиот регулатор исто така ги повика земјите-членки на ЕУ да ги забрзаат програмите за вакцинација, додека многу заразната варијанта на делта забрзано се шири низ целиот свет.




-Според прелиминарните податоци, потребни се две дози од вакцината против ковид-19 за соодветна заштита од варијантата делта.

Почитувањето на препорачаниот распоред за вакцинација е клучно за постигнување на највисоко ниво на заштита, соопшти ЕМА, која препорачува употреба на две дози на Фајзер/БиоНТек, Модерна и АстраЗенека.




Делта варијантата на корона вирусот, откриена во Индија, ќе опфати 90 проценти од случаите со ковид-19 до крајот на август, се вели во соопштението на Европскиот центар за превенција и контрола на болести (EЦДЦ).

Според податоците на ЕЦДЦ во десет земји на Европската унија, близу 30 проценти или повеќе од луѓето над 80 години сè уште не ја примиле препорачаната вакцина.




Болниците во Србија почнаа да воведуваат правило според кое здравствените работници кои не биле вакцинирани или не се заразиле со коронавирусот, мора да донесат негативен ПЦР-тест при враќањето од одмор, што ќе го платат сами, пишува „Политика“.




Весникот наведува дека мерката ќе важи до септември, затоа што здравствените власти стравуваат дека некој може да го донесе вирусот во болница по враќањето од странство.




– Во исто време, се верува дека многумина нема да сакаат да одвојат 9000 динари за тестирање, дека ќе го променат својот став и дека сепак ќе одлучат за вакцината, додава Политика.




Освен оние кои биле вакцинирани и оние кои го прележале вирусот, од оваа мерка се исклучени и лекарите на кои не им е дозволено вакцинирање поради комплицирана здравствена состојба или ја примиле првата доза.




Здравствените работници кои ќе ја игнорираат таа мерка ќе мора да одат на дисциплинска комисија, како и дека може да сносат кривична одговорност доколку заразат пациент.




Претходна статијаЛиса Баута: Ние ли кои седиме по чајџилници и оговараме нечии туѓи деца се најдовме запрепастени од вчерашниот настан во Штипско
Следна статија(ФОТО) Југо, Тристач и популарниот Кец и после 40 години си „цепаат“ накај Грција без никаков проблем