Победува ли повторно Бојко и на овие избори?

0

Синоќа на својот профил на социјалните мрежи, се огласи лидерот на опозицијата во Бугарија, Слави Трифонов. Многумина стекнаа впечаток дека тој е победник на изборите:




„Денес беше добар ден за бугарската демократија, бидејќи ова беа најфер избори досега.

И не заради резултатот од „Има таков народ“, туку заради новите изборни правила, кои што го ограничија колку што е можно купениот глас, корпоративниот глас и манипулациите со „мр тв-ите души“.




Неверојатна е поддршката што ја доби „Има таков народ“. Сакам да им се заблагодарам на сите што гласаа за нас.

Ние навистина ја цениме вашата доверба. Утре во 11 часот ќе објавам што ќе стори „Има таков народ“, напиша Трифунов на социјалните мрежи.“




Сепак, утрово, по обработен висок процент податоци, стигнуваат поинакви резултати.

Со обработени 89,14 проценти од гласовите на парламентарните избори во Бугарија, коалицијата ГЕРБ-СДС има добиено 24,01 проценти од гласовите, објави Централната изборна комисија на Бугарија.




Политичката партија „Има таков народ“ (ИТН) има 23,48 проценти од гласовите; „БСП за Бугарија“ – 13,65 проценти, „Демократска Бугарија“ – 12,60 проценти; Движење за права и слободи – 10,61 проценти; „Исправи се! Мафијата надвор!” – 5,04 проценти.




По области, ИТН добива помеѓу 9,04 и 32,74 отсто, со највисок резултат во Плевен. ГЕРБ помеѓу 18 и 33 отсто, а во Габрово, Ќустендил и Перник се највисоки.

ДБ добива помеѓу 4,42 и 33,06 отсто гласови, со најголема поддршка во градот Софија.




Излезноста во 16 часот била 27,20 отсто.

Најобразованите луѓе во Бугарија ја избираат ГЕРБ, Демократска Бугарија и „Има таков народ“ . Според возраста, младите гласачи на возраст меѓу 18 и 30 години најчесто гласале од ИТН. Жените претпочитаат ГЕРБ-СДС и БСП. ДБ е поддржана претежно во главниот град.




За новинската агенција Ројтерс, предвремените парламентарни избори, одржани на 11 јули во Бугарија, завршија без јасен победник додека пак АФП наведува дека гласачите вчераја казнија партијата на премиерот Бојко Борисов,




обезбедувајќи победа на новата, предводена од Слави Трифонов, партија. Тие гласаа масовно за оваа и за сличните антисистемски партии. АФП во својата анализа го нагласува гласот на протестот.




Претходна статијаМногу сакав да одам кај Василиј Острошки, ноќта пред тргнување ми испратти језива порака
Следна статијаАлександра од „Брза кујна“ загуби драгоцена и скапа работа, пријави во МВР и се случи чудо (ФОТО)