По изјавата на Веља Невоља дека имал контакти со Вучиќ, се огласи претседателот: Во живот никогаш не сум го видел тој човек

0

Србија веќе неколку месеци ја тресе а ф ерата со групата на Вељко Беливук. Српските граѓани не можеа да си поверуваат на снимките кои ги видоа.




Вељко Беливук, со прекар Веља Невоља, на сослушување во српското Обв инителство пред две седмици негирал за делата кои му се ставаат на товар, но затоа зборувал за „соработката“ со претседателот на Србија Александар Вучиќ и други личности од врвот на владејачката Српска напредна партија.




Беливук пред обвинителите зборувал дека Вучиќ и неговите соработници му барале повеќе услуги – да се погрижи на трибините на „Партизан“ да не се скандира против српскиот претседател, да ги зап лаш -ува организаторите на прот -естите против власта, да се погрижи мирно да мине Па рад ата на го рдоста, но и да влијае врз таксистите да ги откажат протестите против апликацијата за превоз „CarGo“..




Сето тоа се гледа од транскриптот од сослушувањето до кое дошол КРИК – Мрежата за истражување на кри мин -алот и ко рупциј -ата.

Како што извести КРИК, се очекува на почетокот на следниот месец Обви нителството за орг анизиран кри мин -ал да покрене обв ине -ние против Вељко Беливук, познат како Веља Невоља, водач на групата „Принципи“ што работел во рамките на црногорскиот Кавачки кл ан.




Беливук исто така беше поврзуван со обвинувања за тесни врски со власта и „одработување“ за неа, а според сведочењето на Вељко Беливук на 5 јули годинава, веќе ќе се дојде до посериозни докази за поврзаноста на власта во Србија со орга ни зир аниот кр ими -нал.




„Решив сè убаво да раскажам за мојот однос со претседателот на Србија, Александар Вучиќ, министерот на полицијата Александар Вулин, со братот на Вучиќ, пријателите, кумовите и сите останати политичари што од нас бараа услуги, а сега се прават дека не се знаеме и „мијат раце“ од нас“, рекол Беливук на сведочењето во Обв инител -ството..




По излегувањето на ваквото тврдење во јавност, вчера се огласи српскиот Претседател Александар Вучиќ, кој не само што ги негираше ваквите наводи, туку отиде чекор понатаму и најави обелоденување на вистинските контакти на Беливук:




„За волја на вистината – никогаш во живот не сум го видел тој човек, ниту некој од неговата група. „Никогаш во животот не сум разговарал со нив“, рече Вучиќ и додаде дека ако ги види или разговарал со нив, тој бил „подготвен да го помине својот живот зад ре -шетки “.




Се прашувам, зошто не ги споменал оние со кои навистина се гледал, додаде Вучиќ.

Претседателот најави дека ќе ги открие причините за ваквите тврдења на Беливук во наредните денови и додаде дека тоа ќе биде „многу, многу интересно“.




Претходна статијаПрезвитер Бобан Митевски со трогателни зборови се прости од Архимандритот Методиј кој служеше во Русија
Следна статијаМногумина приметија дека премиерот Заев го смени имиџот – тој откри кој го натерал