Берни Сандерс, сенатор во државата Вермонт, денес се откажа во од својата кампања за номинацијата на Демократската партија за претседателските избори на 3-ти ноември.
Со откажувањето на Сандерс, кој се смета за кандидат на радикалната лева струја во Демократската партија, веројатен кандидат на демократите за претседател на САД, останува 77-годишниот поранешен американски потпретседател Џо Бајден.
Така, на изборите во ноември Бајден треба да се соочи со актуелниот американски претседател Доналд Трамп, кого повторно лесно и без противни минува кај Републиканската партија.
Бајден на партиските предизбори нарушени со кризата поради ширењетои на коронавирусот, по почетните разочарувачки резултати успеа да направи цврста предноста во бројот на осигураните делегати на националната конвенција кај демократите, во однос на Сандерс.
Седумдесет и осумгодишниот Сандерс кампањата ја водеше залагајќи се владата да ја преземе контролата над здравствениот систем, и така да осигури здравствена заштите за сите во САД. Се оценува дека Сандерс, од првата негова кандидатура во 2016 година до сегашната, Демократската партија ја придвижил в лево, но не успеал околу себе да изгради коалиција во партиската база, иако е најпопуларен кандидат меѓу младите гласачи.
„Ви благодарам на сите кои ме подржувавте во двете предизборни кампања. Заклучив дека во оваа битка за демократската номинација нема да успеам. Поради тоа денеска ја запирам својата кампања.
Ова беше болна одлука. Но иако нашата кампања дојде до крајот, нашето движење ја доби идеолошката битка во партијата иако не ја освои номинацијата“, порача Сандерс во обраќањето преку интернет видно емотивниот Саднерс од својот дом во Барлингтон во Вермонт, објавувајќи го запирањето на кампањата.
На објавата на Сандерс реагираше и претседателот Трамп, потсетувајќи дека се оствариле неговите предвидувања оти другите демократски кандидати ги намалуваат шансите на сенаторот за номинацијата.
„Берни Сандерс испадна! Неговите луѓе би требало да дојдадт во Републиканската партија. Сандерс испадна благодарејќи на Елизабет Ворен. Да ја немаше неа, Берни ќе ја добиеше речиси секоја држава на Супервторникот! Заврши точно како што сакаше Демократската партија“, напиша Трамп на Twitter.
Со тоа Трамп алудираше на моментот кога пред победата во Јужна Каролина, Бајден кој каскаше во трката ја доби поддршката на највлијателните демократи Тери Мекуалифм, поранешен гувернер на Вирџинија и поранешен прв човек на Демократскиот национален комитет об Скот, влијателен црн политичар од Вирџинија.
Тоа според политичките коментатори беше протолкувано како најверојатен знак дека врвот на Демократската партија повторно застанува на страната на протибвникот на Сандер, како што беше случајот на минатите избори во 2016-та, кога WikiLeaks ја објави непријатната нивна преписка во која се прави конструкција како да се саботира кампањата на сенаторот во полза на поранешната државна секретарка Хилари Клинтон, која подоцна изненадуввачки беше победена од републиканецот Доналд Трамп.
До почетокот на март Сандерс беше во водство по импресивната победа во Невада кон средината на февруари, додека гласовите на Бајден и другите центристички кандидати бра разединети.
Од тогаш Бајден победи во повеќе сојузни држави и на ткн Супервторник кога во првата седмица од март се одржаа предизборите во 14 сојузни држави, а кандидатите како Мајкл Блумбер, Пит Бутиџиџ и Ејми Клобучар, се повлекаа од трката и го поддржаа поранешниот потпретседател, додека Сандерс не ја доби поддршката од ривалката од левото крило на демократите Елизабет Ворен, која исто така се повлече од предизборите.
Извор: Нетпрес