Канадска компанија ја создаде вакцината за Корона – чекаат да се тестира на луѓе, па да почнат производство

0

Компанијата „Медикаго“ од Канада, чија вакцина веќе се користи за сезонскиот грип, е во предклиничка фаза на создавање на вакцина за Коронавирус. Тие на својот официјален сајт предупредуваат дека нивниот производ сеуште не е тестиран на луѓе и не се користи во ниту една джава во светот.

Како што се наведува, тие ја направиле вакцината за само 20 дена по што добиле генетската секвенца на вирусот, користејќи уникатна технологија и се надеваат дека наскоро ќе можат да ја достават до надлежните органи за тестирање и одобрување.

Главниот извршен директор изјавил дека компанијата може да направи 10 милиони вакцини месечно, додавајќи дека доколку се испочитуваат сите регулативи, вакцината би можела да почне да се произведува во јули или август оваа година, а би била достапна за апликација на луѓето во ноември.

Иако „Медикаго“ не е единствената лабораторија која тврди дека го пронашла лекот, оттаму откриваат дека уникатниот метод што го користеле за да дојдат до вакцината е далеку посигурен.

Оттаму велат дека тие успеале брзо да ја развијат вакцината затоа што користеле билки, а не кокошкини јајца како „биореактор“ за одгледување протеини за вакцината против коронавирусот.

„Медикаго“ не работи со жив вирус, туку научниците вметнуваат генетска секвенца во вид бактерии, кои потоа ги преземаат билките и на тој начин се добива протеин за вакцината.

Доколку вирусот мутира, како што обично се очекува, во тој случај потребно е само да се „ажурира“ производството со користење на нови билки. Тоа е разликата помеѓу оваа метода и методата врз основа на кокошкини јајца. Се смета дека Коронавирусот е веќе мутиран, за што во неодамнешно гостување на една наша телевизија информираше и нашиот познат епидемиолог д-р Драган Даниловски:

,,За вирусите е својствено во нивниот геном периодично да настануваат помали или поголеми мутации, кои се во функција на зголемување на нивната моќ да опфатат колку што е можно повеќе домаќини (хумани или анимални). Со климатските промени и нарушувањето на еколошката рамнотежа, веројатно, може да се очекуваат почести мутации на вирусите и во иднина.

Во случајот со САРС-КоВ-2, предизвикувачот на актуелното заболување ковид-19, всушност се работи за мутиран причинител на САРС (САРС-КоВ-1), респираторно заболување, кое меѓу ноември 2002 и јули 2003 година се јави во епидемиска форма во јужна Кина и Хонгконг.

Тогаш заболеа 8.098 лица, а починаа 774 или 9,6 отсто. Меѓутоа, КоВ-2 има 1.000 пати поголем потенцијал да ги инфицира клетките од КоВ-1, а од друга страна, се распространува лесно и брзо како вирусот на сезонскиот грип и предизвикува помалку смртоносна болест од САРС, што му обезбедува многу висок епидемиски потенцијал.

Најнова информација е дека кинеските научници откриле дека вирусот мутирал во нов сој (најден кај 30 отсто од испитуваната група пациенти), помалку агресивен од оригиналниот, а оригиналниот, поагресивниот, бил најден кај 70 отсто од нив.”, рече Даниловски.

Ова е одлична вест за светот, кој секојдневно очекува нови вести за справувањето со епидемијата.

Претходна статијаМакедонката Соња од Милано: Од искуство, ќе апелирам на едно нешто
Следна статијаАко не се почитуваат мерките познато колкава затворска казна може да добиете