Македонката Соња од Милано: Од искуство, ќе апелирам на едно нешто

0

Уште една наша Македонка што живее и работи во Италија се огласи и упати порака и воедно апел до граѓаните во нашата држава.

Станува збор за Соња Делова која живее близу Милано, а истата кажа:Македонци, добро направивте што веднаш ги затворивте училиштата за да не се шири коронавирусот, порача неготинката

Таа ги поддржува своите сонародници во татковината да издржат во овој период на изолација.

– Не излегувајте од дома без потреба, одбегнувајте контакти што е можно повеќе, ситуацијата е многу сериозна и вирусот многу брзо се шири. Тука од почеток не беше земена како многу сериозна ситуацијата, а преку ноќ се се смени, раскажува таа.

Подоцна, почнале со затворање на училишта, градинки, факултети. Сега се било затворено, освен супермаркети и аптеки.

– Забрането е и излегување надвор без неопходна причина и без оправдување. Доколку одиме во продавница или на доктор, мораме да имаме оправдување во случај на контроли од страна на полицијата, открива Делова.

Потсетува дека во Италија има многу заразени, многу жртви, но и многу оздравени.

– Како и да е, вирусот се шири постојано. Затоа најдобро е да се почитуваат превентивните мерки. Тука на почеток не ги почитуваа правилата, па наеднаш ситуацијата отиде на полошо. Затоа апелирам, од искуство, седете си дома. Не се собирајте на кафиња, како што имаат обичај многу од моите сонародници.

Издржете, ќе помине. За жал, не е одмор овој период, ама можете да го искористите за да се одморите дома. Внимавајте исто и на најризичните категории, над 65-70 години, помагајте колку можете, апелира таа.

Делова, која во земјава дипломираше италијански јазик, кажа дека таму работи од дома. Кој може, во услови на вирус, работи од дома. Кој не, мора да оди на работа.

– Остануваат правилата. Еден метар минимум растојание од човек, маски, ракавици. И стандардните препораки од медицинските лица – често миење раце со сапун, кашлање и кивање во лакт или марамче за една употреба. Се за заштита, вели таа.

Претходна статијаВане Маркоски: ,,Тоа што до вчера трубевте за докторката, е тоа сте денес вие”
Следна статијаКанадска компанија ја создаде вакцината за Корона – чекаат да се тестира на луѓе, па да почнат производство