Докторката Нада: Корона вирусот може да исчезне за полa час – откри и како

0

Корона вирусот зема се пофолем замаф, а на инфекција се подложни сите старосни групи и истата најчесто се јавува во зимскиот период и во рана пролет, додека летото и високите температури ни одат во прилог, тврди проф. д-р Нада Кујлиќ Капулица.

Со извиканиот вирус таа првпат се сретнала на почетокот на 80-те години на минатиот век, кога наводно бил дијагностициран на Военомедицинската академија во Белград.

– Ковид-19 е најновиот коронавирус кој е причинител на моменталната епидемија која од Кина се прошири во целиот свет. Најчесто предизвикува респираторна дисфункционалност која е слична на грипот, но која може да резултира и со тешки компликации на плучата со смртен епилог.

Ковид-19 од сите коронавируси досега предизвика најобемна епидемија. Смртноста е слична на САРС, но деталните карактеристики на вирусот сѐ уште се проучуваат и за нив дури допрва ќе ги дознаваме деталите – објаснува д-р Кујлиќ Капулица.

Таа истакнува дека коронавирусот припаѓа на онаа група вируси кои се исклучително чувствителни на висока температура и дека инфективноста се губи за само половина час на температура од 56 степени.

– На ниска влажност и повисоки температури овој вирус уште побргу престанува да биде инфективен. Се уништува со стандардните дезинфекциони средства, со тоа што подобро поднесува кисела средина (pH 6-6.5). Бргу се неутрализира со УВ-зрачење – наведува проф. д-р Нада.

Таа исто така нагласува дека коронавирусите првпат се откриени кај ученици со воспалено грло во 1965 година во Англија, а подоцна и во Америка. Егзотичното име „коронавирус“ е добиено во 1968 година затоа што набљудуван под електронски микроскоп потсетува на сончева корона. Овие први хумани коронавируси се означени како OC43 и 229E.

Откако во Кина се појавија првите случаи на заболени, но и починати од коронавирус, истиот стана убедливо најактуелна здравствена тема во светот. Вирусот е дијагностициран кај скоро 90.000 луѓе на различни континенти, а бројот на заразени расте секојдневно.

За среќа, поголемиот број од пациентите имаат само поблаги симптоми, порачуваат од Светската здравствена организација, додека стапката на смртност е помеѓу два и пет отсто. Колку за споредба, смртноста кај сезонскиот грип е околу 0,1 отсто и околу 400.000 луѓе секоја година умираат од грип.

Претходна статијаСЗО вчера прогласи Пандемија – еве што тоа значи и како треба да се однесуваат граѓаните
Следна статијаЕлена Ристеска повторно е вљубена – откри зошто е во Мајами