Откриена измама со добротворна акција: Самохраниот татко кој јавно бараше помош бил коцкap?- не е разделен од сопругата, лажеле за потребите на снимањето?

0

Од вакви приказни утре нема да донира некој кај што е навистина потребно, реагира Миа Костова која што сподели дека апелот за помош на „самохраниот татко“ од Велес е лажен.

Таа бара одговорност од емисијата „Срце на дланка“, кои што ја објавија приказната на Тале Витанов.

Тале Витанов од Велес ја измами цела Македонија, а хуманоста на бројни добри луѓе е злоупотребена. Ова утрово се споделува на сите социјални мрежи.

Имено, револрирани граѓани велат дека ја откриле измамата овој велешанец за кој јавноста дозна до емисијата „Срце на дланка“. Апелот за помош го пренесе и нашиот портал, но денеска во јавноста излегоа информации дека Тале Витанов всушност не е толку сиромашен и дека има жена, и дека ја искористил емисијата за да собере донации од хумани граѓани.

Имено Миа се осврна на една од емитуваните стории на емисијата Срце на Дланка кога Тале Витанов од Велес се појави и ја растажи јавноста со својата сторија дека е самохран родител на две малолетни деца кои често пати си легнуваат гладни бидејќи тој н е ево можност да им даде храна и се што е потребно за нив.

Инфлуенсерката Миа Костова се огласи на фејсбук по повод овој случај. Вели донирала, но и побара одговорност од „Срце на дланка“.

-Апелов го објавивме мислам дека сите! Никогаш не сум кажала кога донирам, ама еве сега ќе кажам дека во истиот момент префрлив пари на сметка.

Се испостави дека се работи за коцкар, кој дреме по кладилници, своевремено освоил џекпот на апарати од 26.000 евра, со сопругата не е разделен, го гледаат низ Велес, самохран татко бил за потребите на снимањето. Од вакви приказни утре нема да донира некој кај што е навистина потребно.

Јавно барам одговорност од Срце на дланка со она малку новинарско искуство што го имам, како снимаат сторија ако цел Велес знае за каков човек се работи, а тие на еден повик одат и прават приказна која вклучува и деца кои судејќи по трпезата и расположението на Тале, не се баш гладни. Срамота! – напиша револтирано Миа.

Многумина се разичарани и револтирани што поради ваква измама која беше пренесена на телевизиски канал многу на кои вистински им е потребна помош не може да дојдат на ред!

Претходна статијаДали вака прави оженет маж: Билјана Јевтиќ ова не го очекуваше од Аца Илиќ!
Следна статијаДанела почнува да пушта пријави: Не може скопјани да трпат, поради некои кои прават пари