Славчо Попоски најавува убави вести: Очекуваме снег и во градовите, еве кога

0

-Врнежи од снег на Попова Шапка ќе има и попладнево, во текот на ноќта и во утрешниот ден – нè известува метеопрогнозерот Славчо Попоски кој уште вчера ја најави точната снежна прогноза.

„На планинските места, односно на скијачките центри ќе се формира снежна покривка од над 10 цм, а на повисоките планински места истата ќе биде со висина од над 20 цм“ прогнозираше вчера Попоски.

Тој додава дека во Скопје и околината се очекуваат пак, врнежи од дожд и засилен ветер од јужен и од југоисточен правец, а и воздухот ќе биде значително постуден.

– Денес навечер како и во среда и четврток провејување на снег локално ќе има и на пониските места (во градовите) – додава Попоски.

– Денес во Македонија продолжуваат повремените локални врнежи од дожд, додека на планините над 1200 м.н.в ќе има врнежи од снег, со што и снежната покривка ќе се зголемува.

Попладне и во вечерните часови, како и утре ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено ЗАСИЛЕН ветер од северен правец, со што од север ќе започне да се спушта ЗНАЧИТЕЛНО ПОСТУДЕН воздух па така локално провејување на СНЕГ ќе има понекаде и на пониските места (градовите).

Во Скопје и околината ќе има послаби локални врнежи од дожд, додека кон крајот на денов и навечер ќе започне да дува умерен до засилен ветер од северен правец, па така освен на околните планини, услови за провејување на снег ќе има и во повисоките предели од котлината.

Минималните температури во следниот период повторно речиси насекаде ќе се спуштаат под нулата, односно истите ќе се спуштаат во интервалот од -7 до 2 степени, додека максималните дневни температури ќе бидат ЗНАЧИТЕЛНО ПОНИСКИ за разлика од изминатите денови и ќе се искачуваат во интервалот само од 2 до 8 степени.

Инаку на Скијачките центри, а особено на Скијачкиот центар Попова Шапка од утрово владее вистинска снежна бајка, Снежна бајка утринава владее и на Бистра – Маврово, вели метеопрогнозерот Славчо Попоски.

Променливо облачно со повремени слаби локални врнежи од дожд и снег во пониските, а на некои од повисоките места и на планините од снег. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец.

Во Скопје променливо облачно со повремени слаби врнежи од дожд, а на повисоките делови од котлината ќе има услови за повремен слаб снег. Ќе дува умерен ветер од северен правец.

Претходна статијаОва е човекот кој би дал вистинско богатство за Карлеуша: Јелена конечно се согласила да му ја исполни желбата! ФОТО
Следна статијаОвој човек за Кате „Нели ти реков“ рекол: Влакно не смее да ѝ фали од косата…