За нашинците во Германија не можеше да пристигне подобра вест: Ќе се менува едно многу важно правило!

0

Различни земји имаат различни правила за стекнување државјанство. Некои не даваат испис од државјанство, но некои дозволуваат поседување два или три пасоши.

Германското Министерство за внатрешни работи подготви нови правила за добивање на државјанство, според кои странците кои живеат во Германија повеќе нема да треба да се откажуваат од пасошите за да добијат германско државјанство и ќе можат да аплицираат по 5 години престој.

Според досегашните правила странците мораа да живеат 8 години во Германија за да можат да аплицираат за државјанство. Предлог-законот предвидува и намалување и на периодот од 5 години ако апликантите можат да докажат дека се добро интегрирани, на пример со покажување одлични резултати на училиште или на работа, доброволна работа или особено добри јазични вештини.

Новите правила вклучуваат и олеснување на доказот за познавање на германскиот јазик за одредени групи, како и лицата над 67 години да не докажуваат дека го знаат јазикот.

Странците кои живеат во Германија повеќе нема да мора да се откажуваат од своите пасоши за да добијат германско државјанство, а можат да аплицираат по само пет години престој во земјата според новите правила што ги подготви Министерството за внатрешни работи.

Нацрт-документот, до кој дојде германската новинска агенција дпа, во петокот беше дистрибуиран до другите засегнати министерства.

Во коалицискиот договор, владата на социјалдемократскиот канцелар Олаф Шолц се согласи да воведе „современ закон за државјанство“ во 2021 година.

Други аспекти на реформата вклучуваат олеснување на барањата за германски јазик за одредени групи и укинување на тестот за државјанство за оние над 67 години.

Во моментов, странците мора да живеат во Германија до осум години пред да можат да аплицираат за државјанство.

Според споменатиот нацрт, намалениот период од пет години може дополнително да се скрати доколку кандидатите покажат дека се добро интегрирани, на пример со извонреден успех на училиште или на работа, волонтерска работа или особено добри јазични вештини.

Децата родени во Германија чии родители се странци ќе можат да имаат двојно државјанство.

Како што е познато во Германија живеат и работат голем број Македонци, па многу од нив ќе може да го искористат оваа промена.

Претходна статијаДушко Тошиќ е минато: Јелена Карлеуша пресече, овој човек сака да и го освои срцето ФОТО
Следна статијаНевесто моја, многу те сакам – вака Марјан Коцев и се обрати на женичката, еве зошто (ФОТО)