(ВИДЕО) Се појави снимка од нападот во Германија – маж излегува од кола и почнува да пука

0

На видео снимката може да се види маж, облечен во воена униформа, како излегува од возило и почнува да пука. Сомнежите се дека нападот го извршиле двајца мажи.
Полицијата уапсила едно лице, но и понатаму се трага по неколку луѓе.

Како што јавува германски Билд, напаѓачот од автоматска пушка започнал да пука пред синагогата, а според првите информации фрлена е и рачна бомба во близина на еврејските гробишта.

Инаку, денеска Евреите го одбележуваат Јом Кипур, еден од најважните празници. На лице место се наоѓаат голем број полициски возила, а на граѓаните им се советува да останат во домовите и да ја избегнуваат оваа област.

Заради предострожност затворена е и железничката станица во Хале.

Претходна статијаЈа премина ли границата на пристојност Станија со ова што му го правеше на младиот црногорец (ФОТО)
Следна статијаЈасна Мандиќ со полиција и лисици на раце донесена во суд (ФОТО)