Во оваа земја се цени вашиот труд, сиромашни нема: Наставниците земаат 7.000 евра плата, а пекарите 3.800

0

Швајцарија е земјата на мед и млеко велат многумина. Таму се работи напорно, но и многу се заработува

Пари во Швајцарија заработуваат сите кои сакаат да работат и кои се работници.

Колку во просек заработуваат некои професии може да проверите на следната листа (1 CHF = 54 денари):

Фризер – 2.601 CHF

Цвеќар – 3.800 CHF

Графички дизајнер– 3.800 CHF

Столар – 4.018 CHF

Работник во пошта– 4.031 CHF

Пекар – 4.051 CHF

Автомеханичар – 4.450 CHF

Кондуктер во воз – 4.558 CHF

Софтвер девелопер – 4.608 CHF

Возач на автобус – 4.858 CHF

Новинар – 5.551 CHF

Социјален работник – 6.246 CHF

Учител – 7.398 CHF

Офицер во војска – 8.142 CHF

Јавен обвинител – 10.400 CHF

Главен лекар во болница во Цирих – 12.824 CHF

А, во Швајцарија се практикува и исплата на тринаесетта плата. Платите се договараат во бруто износ, а нето износот обично е 13 до 20 отсто помал. Цената на греење е двапати пониска отколку кај нас, додека грејната сезона трае според потребите во сите месеци со исклучок на август.

Инаку, швајцарската тринаесетта плата во просек изнесува колку цела годишна заработка кај нас. Интересно е и тоа што во таа алпска земја нема питачи, додека стапката на невработени е на нивно на статистичка грешка.

Швајцарија отсекогаш била популарна дестинација за емигранти од нашиот регион. Уште пред Втората светска војна во оваа мала алпска земја живееле нешто помалку од 1.300.000 Југословени. Емигрантските квоти варирале низ времето за да кулминираат во деведесеттите, за време на војните на просторите од поранешна Југославија.

И ден-денес илјадници луѓе од нашиве простори се упатуваат кон Швајцарија во потрага по повисоки примања, подобри работни услови и подобар живот. Затоа ви нудиме краток водич низ бирократскиот процес за пронаоѓање работно место и преселување во Швајцарија.

Иако Швајцарија не е земја-членка на ЕУ, нејзините конзуларни закони се совпаѓаат со законите што важат во Унијата, така што сите граѓани од нашиов регион можат да престојуваат во таа земја до 90 дена без виза. Ваквиот престој може да се искористи за пронаоѓање работа и контакт со потенцијалниот работодавец. За секој престој подолг од 90 дена треба да се побара виза во швајцарско конзуларно претставништво.

На швајцарскиот пазар на труд, работниците од Швајцарија, од другите европски земји и емигрантите со уредна дозвола за престој, имаат предност во однос на граѓаните што доаѓаат од земји кои се надвор од Европската Унија. Сите слободни работни места мора да се пријават на регионалните комори за вработување, кои огласите ги проследуваат до ЕУРЕС-системот (ЕУ-сервисот за вработување).

Работодавците што сакаат да ангажираат работници од земји кои се надвор од ЕУ мора пред Регионалната комора да ги објаснат причините зошто не се одлучиле за работници од Швајцарија или од другите ЕУ-држави. Работодавецот исто така е должен на работниците од другите земји да им обезбеди иста плата и работни услови како и за швајцарските работници.

Исто така, согласно законот, работодавците можат да бараат исклучиво квалификувани странски работници, односно такви што завршиле соодветни училишта и имаат работно искуство во одредени области. Квалификациите и работното искуство се утврдуваат преку доставените дипломи (кои мора да се нострифицираат) и CV.

Откако ќе добијат одобрување од Регионалната комора за вработување, работодавците мора да се обратат до Кантоналната миграциска служба, која нивното барање го проследува до Државниот секретаријат за миграции.

Ако и таму се одобри барањето, Кантоналната миграциска служба го испраќа барањето за издавање виза до Амбасадата на Швајцарија во земјата од каде што доаѓа работникот, кој може таму да аплицира за виза. По доаѓањето во Швајцарија, работникот мора да се пријави во рок од 14 дена до Регионалното биро за регистрација, и дури тогаш може да почне со работа.

Дозволите за престој се задолжителен документ за сите странски работници и странци што остануваат во Швајцарија подолго од 90 дена. Правото на престој го одредува комисија во Регионалното биро за регистрација, која може да ги издаде следните видови дозволи за престој:

Дозвола Л – подразбира престој од една година и може да се продолжи на две години, но не повеќе. Главно се поврзува со одредена работа и компанија и доколку странскиот работник го смени работното место, задолжително треба да побара нова дозвола.

Дозвола Б – за оваа дозвола треба да се поседува валиден договор за работа или студирање. Се издава со важност до една година и бројот на ваквите дозволи се одредува со посебни квоти. Б-дозволите понекогаш се издаваат исклучиво за живот и работа во одредени кантони.

Дозвола Ц – се добива по 10 години живот во Швајцарија и со неа слободно можат да се менуваат работните места и престојувалиштата. Дозволите за престој се обновуваат во регионалните бироа за регистрација, од три месеци пред, до две недели по истекот на рокот.

Претходна статијаЕдвај чекав сопругот да замине на службен пат, за во мојата спална да влезе свекорот
Следна статијаПред да ги спакувате куферите и да заминете за Германија, вреди да ги знаете овие работи