Користејќи радиотелескопи, австралиските истражувачи откриле силни бранови познати по називот „радиоексплозии“. Сигналите речиси двојно се зголемиле и претставуваат најблиска и најсјајна брза експлозија некогаш откриена, наведува магазинот Nature.
Иако силни бранови на „брза радиоексплозија“ воочени се уште во 2007 година, научниците овојпат воочиле дека нивниот број сега е двојно поголем.
„Користејќи нова технологија докажавме деке брзите радиоексплозии доаѓаат од другата страна на универзумот, а не од нашето сопствено галактичко соседство“, објасни Рајан Шанон, професор од Технолошкиот универзитет Свибурне кој го води ова истражување.
„Забележавме 20 брси радио-рафали во една година, што е речиси двојно повеќе од бројот забележан ширум светот во 2007 година“, вели тој. Брзите радиски бранови се честа појава, но се сметаат за една од најмистериозните појави во вселената.
Блесоците на неверојатна енергија патуваат милијарди години, а еквивалентни се на количината која Сонцето ја произведува за осумдесет години. Тие траат неколку моменти и доаѓаат од непознат извор, и многу е тешко да се фатат. Кога станува збор за настанувањето и емитувањето, Харварските научници сметаат дека може да се работи за протекување од огромни емитери како вселенски бродови.
Од друга страна, некои стручњаци сугерираат дека ги емитираат интелигентни суштества. Меѓу многуте теории, изтражувачите наведуваат дека можеби станува збор за случаи како црни дупки или густи ѕвезди кои се судриле.