Авионите на готовност за спасување – цел ноќ беснее голем шумски пожар во Пресека

0

Пожарите не стивнуваат. Вчера единици на ТППЕ од Кочани имале полни раце работа. Освен што интервенирале со гаснењето на осум полски пожари, сите предизвикани со палење на стрништа, денес во близина на село Пресека избувна повеќе од десет часа беснее голем пожар кој има зафатено површина од повеќе од 10 хектари.

Според она што го дознаваме во гаснењето на пожарот кој зафатил повеќе од 10 хектари борова шума освен пожарникари учествуваат и лица вработени во шумско стопанство.

Пожарникарите се соочуваат со тешки услови бидејќи достапноста на теренот е лоша а при тоа и ветерот што дува го разгорува уште повеќе пожарот.

Како што дознаваме се работи за подметнат пожар после кој штетите ќе бидат ненадоместливи.

Во моментот кога ова го јавуваме пожарот уште е активен. Се очекува во текот на денешниот ден со поголем број пожарникари истиот да биде изгаснат.

Претходна статијаВо Австралија се детектирани чудни сигнали од вселената – научниците се во недоумица
Следна статија„Бев со милионери“ – Станија конечно ја призна вистината и откри што барале од нејзе