Арау и Германскиот кантон во Швајцарија не би ги менувал за ништо на светот

0

Здраво Галама, поздрав до читателите. Во Швајцарија не можеш далеку да стигнеш без дисциплина, точност во минута и ефикасност, бидејќи работата во оваа држава е нешто најважното во животот. Во 2012 година дури народот гласаше против тоа секој работник да има право на 6, а не 5 недели одмор годишно, бидејќи околу 70% од луѓето се плашеа дека некои фирми ќе си заминат од Швајцарија и дека ќе има помалку работа. Се’ се врти околу работата во оваа земја.

Татко ми тука дошол уште во 1982 година кога имал 21 година, а мајка ми дошла една година подоцна, на 19 години. Дошле за да работат во Швајцарија и еве, уште сме тука. Идната година планираат да се вратат во родното место.

Аарау се наоѓа во кантонот Ааргау и има 21.000 население, а секој петти (20%) има трајно државјанство. Најмалку уште 20% имаат швајцарско државјанство. Аарау е мултикултурно место во кое се зборува на германски јазик, но со швајцарски дијалект. Ова е град во кој има се’. Мал е, но многу богат со работа.

Овде е развиена индустријата, банкарството, осигурувањето, полјоделството, производството на се’ и сешто, едноствано не можам да кажам која работа ја нема во градот. Покрај тоа, градот има болници, школи и добро развиена инфраструктура. Во Аарау невработеноста е помала од 3%.

Аарау порано бил главна престолнина на Швајцарија. Предноста на градот е тоа што личи како една минијатура на Цирих. Значи има се’, но нема толкава гужва и не е така забрзан животот како што е во Цирих. Овде во близината на градот има места за одмор, шуми, реки, езера, ридови и мирно е и тивко.

Една од маните на градот е ноќниот живот. Во Аарау нема забави, па сите ноќни клубови се затворија бидејќи младите одат во Цирих кој е одалечен отприлика 30 минути возење со автомобил.

Во градинка се трга од две години. Се учи само малку, да се брои, а повеќе играат, но најмногу се учи социјалното растење и како е да се живее со други различни луѓе.

Потоа се оди 6 години во основно училиште и потоа оценките одлучуваат каде ќе продолжите следните 3 години, во кое средно школо. Постојат 3 степени: Real, Sekundar и Bezirksschule, последново е најјако. За средно школо постојат две можности: занатски занимања и генерална школа.

Во школото за занает одиш 3 или 4 денови на работа, а 1 до 2 дена во школо учиш за таа работа. На пример, јас одев по тој пат и одбрав банкарство, па матурирав на таа работа. Тоа траеше 3 години и секоја година имав се’ поголема плата. Тоа е ученичка плата, не е вистинска. Просечно околу 900 франци заработував за себе. Тогаш имав 17 години.

Втората опција е да одите само во школо. Економско или генерално или како што се нарекува кај нас – гимназија. Тука не добивате плата бидејќи ништо не се работи. Ако завршиш навремено матура можеш да одиш на факултет. Овде постојат државни и приватни факултети. Јас запишав насока економија и банкарство. Државниот чини околу 1.800 франци годишно и тоа не е ништо за луѓето што работат овде.

Приватните факултети се поскапи, но непотребни се бидејќи и државните исто толку вредат. И овде имаш можност да одиш само 3 години на факултет или можеш 4 години, но имаш многу време па можеш и да работиш помеѓу 50 и 80% работно време.

Јас работам дури 100% покрај факултетот и сега сум последна година. Како што можете да видите, овде се учи, се работи и се школува истовремено. Секако, има некои работи кај кои не можеш да работиш, туку мораш да одиш само во школо. На пример, тоа се занимања како што се доктор, забар, адвокат и сл.

Патот до факултет е можен директно само од Bezirksschule, најјакото средно школо. Од другите школи тој пат до факултет трае подолго и потешко е да се запишете на факултет. Главно, школите во Швајцарија не се плаќаат или во некои случаи многу малку се плаќаат.

Бидејќи една од главните цели на оваа држава е да секој, и оние кои немаат пари да имаат исти можности како и сите други. Јас секогаш имав доста пари бидејќи покрај школото и работев. Можам да речам дека секој кој има волја и малку трудољубивост, може да пронајде работа, бидејќи понуди има доста.

Овде воопшто не се излегува на кафе како кај нас. Се излегува претежно само за викенд. Излегувањата се доста поскапи отколку кај нас. Нашите луѓе претежно излегуваат во наши клубови. Често овде гостуваат „народни“ пеачи. Швајцарците тука секој си ја плаќаат својата пијачка, но полека ние ги научивме дека може еден да части, па следниот да ја плати следната тура.

Платите овде се високи, но и животот е многу скап.

Швајцарците овде навистина се многу точни. Секоја минутка се брои. Ако возот задоцни 5 минути, тогаш сите се лутат и тоа е катастрофа. Уште нешто што е интересно, а тоа е менталитетот на луѓето. Швајцарците се многу повлечени и не сакаат многу да се запознаваат со нови луѓе. Не е како кај нас, со дружби и веселби.

Но, тие се многу културни, така се воспитани. Ги поздравуваат сите и секаде. Се заблагодаруваат и се извинуваат. Но, на тоа останува, нема дружење.

Работа има за секој. Јас работам како советник за банкарство и осигурување. Работам колку сакам и во времетраење колку сакам. Можам да дојдам на работа во 6 наутро, а можам и дури попладне. Не е важно колку часа сум на работа, туку колку сум ефикасен и колку сум успешен.

Мојот шеф не гледа каде сум и што правам, туку на крајот од месецот ја оценува мојата работа, колку нови клиенти сум донел, колку имам нови договори и сл. Иако имам добра статистика, смеам да си го организирам сам својот работен ден и можам да одам на базен во работни денови, но затоа пак, некогаш се случува да работам и за викенд.

Освен работа во Швајцарија е многу важно искористувањето на слободното време. Луѓето се трудат максимално да го искористат своето слободно време за да се посветат на сопственото здравје, па затоа се бават со некои спортски активности. Јас играм фудбал и уживам во дружењето со пријателите.

Моја голема желба е да отворам своја фирма која ќе ја поврзе мојата таковина со Швајцарија, за да можам да вработам што повеќе нашинци и да произведам нешто за швајцарскиот пазар.

Подготви: С.П.

Името и презимето познати на редакцијата. Овој текст е авторски и не смее да се копира и реемитува на други портали без одобрение од редакцијата на Галама.

Претходна статијаКомшиите требаше да излезат и ме замолија да им го причувам детето, ама овој мал демон од кожа ме извади
Следна статијаАва Карабатиќ го кажа своето мислење за Косово и ги изненади Србите (ФОТО)