Oвој дедо заработува по 10.000 евра, одгледувајќи ореви: Cо малку труд до многу пари (ВИДЕО)

0

Владан Илиќ кој дипломирал агрономија, кога се пензионирал решил да насади ореви во родното село Тврдиќи кај Пожега.

На површина од еден хектар и 10 ари засадил повеќе сорти и селекции, а неговата плантажа има вкупно 110 дрвја. Ниту еден момент не зажалил, бидејќи оваа одлука се покажала како полн погодок. Оревот не е овошно дрво, добро раѓа, а откупната цена е задоволителна.

– Чистокр вната сорта се покажа како најдобра, иако многумина фаворизираа други како што е шампионот.

Расната секоја година раѓа добро, а и кога се лоши временските услови успева да даде големо количество.

Приносите се движат од 20 до околу 40 килограми по дрво. Оревот не бара големи инвестиции, лесен е за одржување. Многу полесно се одгледува од лешниците, а слична е и заработката.

Не бара многу труд, не му пречи мразот и е отпорен на болести. Единствено е што заработката треба да почека малку, не може сè веднаш да се направи – изјави Владан.

Инвестицијата во орев почнува да се исплатува десеттата година по садењето, а веќе во петнаесеттата приносите се зголемуваат, па може да се заработат десет илјади евра по хектар.

– Имаме наши редовни клиенти, квалитетниот орев е секогаш баран производ. Долги години цената за килограм беше околу 900 динари, кога не зафати пандемијата на корона вирусот, муштериите бараа малку да ја намалиме поради тешката ситуација, па цената потоа „падна“ на 700 динари – истакнува Владан.

Овој агроном по професија целото свое знаење го применил на своите плантажи, па успехот не изостанал.

Кога ќе се спојат знаењето, трудот и креативноста, резултатот е плантажа со ореви како Владановата.

– Пред да ги засадам растенијата се консултирав со колегите. Секое дрво беше засадено на растојание од десет метри, ископав бунар, добив цистерна и обезбедив наводнување капка по капка.

Што се однесува до оревите, покрај полевањето, потребно е и косење околу дрвјата, но тревата не ја отстранив, туку ја оставив, што се покажа одлично за почвата. Кога ќе дојде родот, се тресат со специјална машина закачена на тракторот и таа се купува подоцна.

Добро може да се живее од одгледување ореви!

Потребни се во секое домаќинство, сите ги користат и сурови и, да речеме, ситно сомелени во колачи. И нема премногу работа за да се дојде до пазарот.

Во Србија годишно се произведуваат околу 20.000 тони ореви, но тоа не е ни мал дел од она што би можело да се соберат доколку имаа повеќе насади.

Сепак, во последните неколку години расте интересот на српските земјоделци за одгледување на овие семки, бидејќи можат да донесат висока заработка.

Експертите велат дека животниот век на ова растение е исклучително долг и трае од 50 до 80 години, па не залудно се вели дека оревите се садат за потомството, бидејќи внуците и правнуците можат добро да живеат од нивните плодови.

Целото видео погледнете го ОВДЕ.

Претходна статијаTаткото на Немања ја запознал Цеца, но cваќата не била таму, ова се сите детали од интимната вечера
Следна статијаПеро Антиќ го покажа однатpе „ѕверот“ од автомобил што го вози и што се изнакупил на враќање (ФОТО)