Перо Антиќ го покажа однатpе „ѕверот“ од автомобил што го вози и што се изнакупил на враќање (ФОТО)

0

Нашиот познат играч и НБА ѕвезда Перо Антиќ е актуелен во домашната јавност секогаш, и поради тоа што го има постигнато во кошарката и поради неговиот имиџ, стил и приватен живот.

Перо, како што е познато е градски лик, инаку татко на три сина.

Перо Антиќ беше гостин во емисијата „Жешко столче“ со Никола Трпковски и зборуваше за многу приватни и професионални предизвици. Разговорот почна од тоа како Перо од обично момче станал НБА ѕвезда. „Јас сум обичен човек, обично дете од центар.

Едноставно, сите сме исти, без разлика што работиме. Едноставно, треба секој да да се почитува“, рече Антиќ. Перо рече дека се изненадил кога го поканиле во НБА, затоа што имал 32 години и не сакал да „му закуцаваат помлади“, како што рече..

„Знаеш кај нас како е, прва тема на маса, ако те закуца. Спонтано излезе и не сакав да бидам еден од тие што имале шанса да отидат, а не отишле“, изјави Перо.

„Имав јас и претходно понуди, ама ги бирав парите, искрен да бидам. Трета мајка важи. Избрав да одам за помалку пари ама да го прифатам предизикот“, рече Перо.

Потоа додаде дека во исто време кога заминал во НБА, имал и понуда да оди во „Барселона“, но менаџерот му ја сменил кариерата на подобро.

„Со менаџерот не се слушаме после 10, а тој ми се јави во 11. Сакаш да одиш во НБА? Јас му викам: Што, Барселона пропадна? Не, само така те прашувам. И буквално испадна за пет минути да одам во НБА“, раскажа Перо Антиќ.

За своите три сина, Перо рече дека во ниту еден од нив не го гледа својот наследник. Лука и Павел се во кошарката, но тој не им прави никаков притисок, туку им дава поддршка правилно да се развиваат.

Перо за себе си рече дека е бунтовник со причина. „Таков е мојот карактер, имам и тетоважа:

Мој живот, мои правила, но не со глава во ѕид. Сам создавам за себе и за својата фамилија и мислам дека треба да ги следам своите правила.

Секогаш главата горе, животот е школо. Ако ја спуштиш, значи нешто те натерало“, одговори Антиќ – За тебе има многу трачеви и озборувања, ти пречи ли тоа“, го праша водителот. „Ни најмалку.

Ми пречи кога ќе им снема имагинација на луѓето. Едноставно ги чекам да идат подалеку.“

– Единствена девојка којашто ја прошета јавно по разводот е девојката којашто одеше по модните писти. Дали е вистина дека каде што има чад има и оган“, го праша водителот Перо, алудирајќи на муабетите дека е во врска со Катарина Ивановска.

– Кај што има чад има секогаш оган, ама не знам за кои писти збориш. За модните? Мислам, пратам мода, колку што можам пратам мода, се нодам со модата, во Америка живеев“, рече Перо, а водителот искоментира дека Америка е центар на модата.

Перо во една прилика на своето стори интересна фотографија, а тој често не се покажува на социјалните мрежи. Перо објавил слика на која се гледаат две мали масички на кои има свеќи, а од околу сѐ е темница.

Атмосферата дефинитивно наликува на романтична, а дали Перо и Катарина вака уживаат, останува само тие двајца да знаат.

Она што е интересно е тоа што Перо на сликата ги прозвал ЕВН и додал стикер на кој пишува „Хелп.“

Перо викендов го поминал во Бања Лука каде што се видел со многу негови пријатели. Во последно време, познатиот кошаркар стана поактивен на Инстаграм и почна често да ги објавува активностите кои ги прави со своите синови.

Имено, Перо отсекогаш важел за човек кој е љубител на брзите автомобили и често за него се зборувало какви коли вози. На своето стори, Перо ја покажа внатрешноста на „ѕверот“ при враќање од Бања Лука. Може да се забележи дека однатре изгледа ептен луксузно, а седиштата се обложени со црвена кожа.

Toa најдобро се гледа на фотографијата која следна ја објави Перо, каде што се пофали дека се изнакупил од Мекдоналдс многу храна, која веројатно им ја носи на синовите за да ги израдува.

Претходна статијаOвој дедо заработува по 10.000 евра, одгледувајќи ореви: Cо малку труд до многу пари (ВИДЕО)
Следна статијаИма бурно минато и pазвод зад неа- Манекенката Александра Накова насмеана на шопинг наш познат новинар (ФОТО)