Снимив балада за љубовта на дедo ми: Вејчеслав Поповски ќе изненади на „Макфест“

0

До пред една деценија, кога не беа актуелни социјалните мрежи, преносите во живо од музичките фестивали беа со голема возбуда и очекување следени на малите екрани. И од млади и од возрасни.

Иако, веќе не е така, ајде да потсетиме, дека овогодишниот музички фестивал „Макфест“ ќе се одржи овој месец на 17 и 18 септември.

И да ви го претставиме младиот Вејчеслав Поповски на кого сите му се радувавме кога настапи и не воодушеви како малечко дете..

Mакедонскиот фестивал на забавни мелодии “Макфест“ започнал на 18 октомври 1986 година, како изведувачка музичка манифестација.

Сакаме да ви го претставиме некогашното „чудо од дете“ Вејчеслав Поповски кој воодушеви со својот голем музички дар, исполнувајќи од мали години на виртуозен начин дури и арии од познати стари мајстори.

Уште како многу мал тој ја претставуваше Македонија на 12 -тото издание на интернационалниот детски фестивал “Ѕвездички”.

Таму имаше учесниците од Македонија, Русија, Украина, Белорусија, Романија, Бугарија, Србија, Унгарија на 12 -тото издание на интернационалниот детски фестивал“.

Гран При наградата отиде, токму кај него, кај малиот скопјанец Вејчеслав Поповски за композицијата “Светот не е ист за сите”, за да ја претставува Македонија на фестивал во Холивуд.

Инаку, на овој фестивал, „Макфест“, Вејчеслав се пријави, меѓу другото и заради една длабоко емоционална, интимна причина и потреба.

Заради сеќавање на својот сакан дедо, исто така човек од музиката, кој не е веќе жив и кој освен огромната љубов кон него го водеше и едуцираше на патот кон музичката уметност.

Тој, дедото, ја зачна неговата љубов кон музиката која трае. И денес Вејчеслав е на прва година на факултетот за музичка уметност „Св, Кирил и Методиј“ во Скопје , отсек – соло пеење.

Еве, што кратко ни изјави:

„Имав потреба на мојот дедо да му се одолжам, да му заблагодарам со една балада инспириран од неговата љубов, заслуга и труд за ова што денес го правам.

Да му го исполнам зададениот ‘аманет’ и на овој начин, да пеам, да продолжам по патот кој ми го трасира, иако без него, сепак со него. Композицијата „Запеј, песна запеј“ нему му е посветена.

Композицијата ја напиша мојот драг професор, маестро Кире Костов, кој се опоравува од непријатна болест, ама тој и покрај тоа, смогна сили и ја создаде мелодијата и аранжманот, за што имам големо благодарам.

Текстот, кој ми беше исто така, доста важен, заради пораката што треба да ја донесе , го напиша Мирјана Даниловска – Мина, рече изјави Вејчеслав.“

Инаку тандемот, Кире Костов и Мирјана Даниловска , попозната како Мина ни е познат одамна.

Таа ги напиша, покрај другите, и текстовите и за три композиции на Кире Костов, кои ги испеа легендарниот Тоше Проески: „Иконо моја“ (Казна си моја ти), „Илузија“, која зеде награда. прво место на фестивалот ‘славјански базар’ во Русија
и „Синоока босонога“.

Мина, по вокација музичар, пишувала текстови и за многу други пејачи децении наназад, ама малку се експонирала јавно.

Да речеме на фестивалот „Охрид – фест“, таа го напиша текстот на композиција на Глигор Копров „Нежна ко принцеза,“ во интерпретација на Даниел Кајмакоски и доби признание за најдобар текст на фестивалот.

За маестро Кире Костов што да се каже! Човек со апсолутен слух. Неговиот музички опус не се добројува и во сериозната музика, дури и во народната, музика за серии и филм и во забавната, музика за деца итн итн.

Автор е на околу педесетина композиции во оркестарска изведба од областа на џезот.
Особено е препознатлив кога се во прашање баладите. Жива легенда, човекот кому музиката е живот.

Звуците на „Летај галебе“, „Твојте очи сине“, „Гром да те убие“, „Тајно моја“, „Илузија“ и стотици уште „ Синот божји“ се незаборавни и вечни.

Тој не инсистирал никогаш на комерцијални нумери, неговата музика има одбрана публика, ама затоа неговите творби се своевидна уметност и траат.

Е па, ајде оваа година да го проследиме фестивалот „Макфест“ и да навиваме за оваа успешна тројка, а пред се’ за младиот интерпретатор Вејчеслав, кој со овој настап го исполнува дадениот збор, аманетот на својот сакан дедо, кој знаеше да го именува и како – галено мое и кој посакуваше тој да пее со љубов и да не престане.

Затоа и е крстена мелодијата: „Запеј, песна запеј“!

Претходна статијаДраган Спасов Дац денес ѝ се обрати на својата мајка со посебен повод (ФОТО)
Следна статијаАнтониа доби коментар на Инста и тоа од машко: Зошто сликава ти е гpдa? (ФОТО)