Драган Спасов Дац денес ѝ се обрати на својата мајка со посебен повод (ФОТО)

Дац или Драган Спасов е еден од нашите најпознати актери, омилен кај публиката.




Во едно интервју, тој има изјавено дека татко му Стево, кога се запишувал на Факултетот за Драмски уметности му рекол убаво да се подготви за приемнииот испт, и да не го сp ами.




-Јас кога почнав со оваа работа мислев дека само во филмови ќе глумам. Такво чувство имав, но ме излажа зашто тука слабо се снимаат филмови“, рече во едно интервју познатиот актер Драган Спасов- Дац..




-Од друга страна, не бев дел од тие филмови коишто се снимаа тогаш. Но, правиот контакт со публиката е театарот – тука нема збор. Во театарот ја чувствуваш публиката, па дури и имаш трема при првата изведба, односно на премиерата..




На филмот пак, јас отидов да ја гледам премиерата. Малку различно е. Како е снимено во филмот не зависи од тебе, како е монтирано, исто така не зависи од тебе.

Може и воопшто да те нема во филмот, ако не му требаш на режисерот. Така што, филмот е комплетна друга работа од театорот“; изјави Дац за редакцијата на „Медиум“.




Како што е познато тој е сега актуелен како дел од дуото Александар и Дац и имаат снимено повеќе убави песни со колегата Александар Митевски.

Она што забележувам во последно време е дека одат многу поретко во театар. Јас кога бев млад колку вас, јас одев, но и воопшто се одеше многу во театар. Таа генерација одеше и беше преполно.




Сега оваа генерација што треба да оди е повеќе на интернет и излегува подоцна, а во мое време по претставата немаше ни каде да се оди, зашто по десет часот ништо не работеше.

Сега па е обратно – сѐ почнува да работи по десет часот. Немам претстава зошто не доаѓаат во театар. Дури и некои луѓе кои порано оделе во театар, сега ми кажуваат дека не се ни сеќаваат кога за последен пат биле.




Мислам дека премногу се седи на Фејсбук, Инстаграм и сѐ останато. Порано имаше многу повеќе движење. Јас не бев прибран дома, бев цело време по улица. Не дека „лутав“ и правев гл упости, туку играв кошарка, школица, сервис, не е важно – сѐ игравме.




Постојано возевме со нашите велосипеди. Дома се прибиравме само кога ни се јадеше и нормално, кога моравме да учиме. Арно ама, голем дел од младите само со телефоните седат.

Прво нема муабет, цело време се со телефончето и само зјапаат во него. Второ, цело време се седи дома и со часови се губи време“, изјави Дац во истото интервју.

Неговата мајка е познатата поетеса Лидија Јеремиќ-Лучко.




Таа има издадено повеќе поетски дела. Лидија неодамна прослави роденден, и многу пријатели ѝ честитаа на Фејсбук. Меѓу нив е и нејзиниот син Драган Спасов- Дац, кој објави слика од него и од мајка си, кога бил дете.

Претходна статијаБракот е за зрели, возрасни луѓе, не за деца и нè, не е неверство само пpeљубaтa
Следна статијаСнимив балада за љубовта на дедо ми: Вејчеслав Поповски ќе изненади на „Макфест“