Како кралицата да дошла во Австралија – еве како ја „тинтраат“ Гавазова таму (ФОТО)

0

Сузана Гавазова за многумина е кралица, зашто со нејзиниот уникатен изглед и глас, таа со години успева да опстане на врвот на нашата фолк естрада.

Неа ја сакаат и оние повозрасните, но и децата. И кај нас, и во дијаспората, оваа згодна струмичанка секогаш добро е пречекана каде и да настапи.

Сузе, освен што си грми на сцената, грми и дома, таа е супер домаќинка, а тоа често знае да го покаже, додека си готви манџички или десерти за своите сакани.

Мажена е за Јасмин, и мајка е на Селена и на Емили, кои го имаат наследено талентот на својата убава мама, и неодамна во Струмица настапијана детски фестивал.

Сузана Гавазова важи за една од најзгодните фолк пејачки во Македонија, а на социјалните мрежи редовно привлекува внимание со своите фотографии. Инаку, Гавазова важи за пејачка која не е премногу загрижена за она што другите ќе кажат за неа.

Таа во последно време на ѕвезденото небо се истакнува и со своите специфични модни комбинации, а не ретко објавува и фотографии на кои покрај оскудните изданија, можеме да ја видиме и во костими за капење.

Пејачката минатото лето објави неколку фотографии од семеен одмор со сопругот и со ќерките.

Но покрај фотографијата од која можеме да видиме како ужива на вчера со сопругот, пејачката објави и една на која во центарот на вниманието е нејзиното деколте, а на сите им го привлече вниманието со тетоважата која ѕирка под тесната облека на овој дел од нејзиното тело.

Имено, Гавазова под левата клучна коска ги има истетовирано зборовите „Љубов, надеж, верба“, но на италијански јазик.

Како што своевремено самата откри за медиумите, оваа тетоважа ја има направено со надеж и верба дека еден ден ќе го најде својот животен сопатник, што набргу и се случи.

Покрај оваа тетоважа таа имаше и една во форма на око, која пред извесен период ја покри со друга. Пејачката има тетоважа и на својата „позадина“ – нејзиниот хороскопски знак, стрелец.

Таа во една прилика објави фотографија од неа и од сопругот на која се гледа дека се среќни и насмеани и со неа назначи колку поддршката од сопругот кој ѝ е ветер во грб ѝ е важна.

До сликата што ја објави со Јасмин, Сузе напиша: Заедно сме посилни!

Сузе е сега на предвелигденска турнеја низ Австралија и таа на Инта стори објави едно видео на кое топ изгледа, облечена во целосни хеланки.

На ова видео, таа ги кани своите обожаватели во Мелбурн, да го проследат нејзиниот настап во Мелбурн. А на друго стори, таа објавила како ја шминкаат.

Сузана во Австралија заминала со сопругот, а цел профи тим се грижи за неа и може да се каже комотно дека таа таму е третирана како кралица.

Претходна статијаВнукот на Цeца само што нe пристигнал, треба да се роди на овој голем датум, а еве каде Вељко и Богдана ќе живеат со него
Следна статијаЕлена од „Сител“ сама на пуста плажа, еве како изгледа и што откри за себеси (ФОТО)