Андријана Јаневска го раскажа трнливиот пат низ кој таа поминала, и го охрабри Дејан Георгиевски

0

Андријана Јаневска, нашата позната шејачка, виолинист и професор по музика, секогаш отворено зборува за се што ни се случува. Таа е мајка на две деца и важи за многу вредна и упорна жена..




во една прилика Андријана, веројатно погодена од некои коментари на социјалните мрежи, реши да подобјасни низ што сè мора да помине еден музичар пред да стане професионалец:

„Според коментарите на социјалните мрежи, имам впечаток дека малку се знае за патот по кој еден класичен музичар чекори додека да созрее во професионален уметник. Ќе се обидам накратко да објаснам:




Еден професионален музичар вообичаено од 6 години посетува музичко училиште. Учи солфеж (нотно описменување) и инструмент паралелно со основното училиште. Вежба секој ден затоа што како во спортот, така и во музиката мора да постои континуирано вежбање..




Родителите треба да купат инструмент, кој подоцна треба да се замени со поскап и подобар. Секоја година детето се оценува од стручна комисија и полага завршен испит.

Во меѓувреме почнува со првите јавни настапи и концерти и учествува на државни и меѓународни натпревари. Потоа продолжува во средно училиште каде вежба по неколку часа на ден бидејќи материјалот е многу потежок.




На училиште се седи од утро до вечер, а се вежба каде ќе се најде слободно место. Концертите и натпреварите се почести. На факултет музичарот веќе почнува да се оформува и во буквална смисла на зборот мора да се предаде на професијата и да жртвува многу за да биде успешен.




Околу психолошкиот притисок (да не се погреши ниту една нота, бидејќи отиде делото) да се издржат сите тие настапи и концерти не сакам ни да зборувам, бидејќи во класичната музика едноставно нема простор за импровизации.




За цел овој период се посетуваат мастер класи, работилници и семинари. Зборувам значи за долг период од мноооогу години и тоа трае цел живот, бидејќи не смее да помине ниту еден ден без вежбање.

Да сумирам: за да се отсвири еден концерт за пијано и оркестар, да се отпее главна улога во опера од 4 саати или да се издиригира дело за хор или оркестар, треба долги години вежбање, многу скинати жици и нерви, многу пропуштени празници со семејството.




Уметноста не е работа од денес за утре. Му текнало некому на 30 години дека сака да е музичар, па ај ќе стане. Секако дека има и исклучоци, но генералната слика е оваа, а бидејќи сум спортски тип со сигурност знам дека и кај професионалните спортисти е слично.




Затоа, се згрозувам кога кој било ќе се дрзне да каже погрден збор кон професионален музичар или спортист.“, рече таа тогаш.

Денеска, цела Македноја е горда на сребрениот медал на Декан Георгиевски. Дејан Георгиевски ѝ донесе на Македонија олимписко сребро, откако го изгуби дуелот против Владимир Ларин од Русија.




Уште во претходниот дуел беше јасно дека Георгиевски ќе освои медал на Олимпијадата во Токио, во категоријата таеквондо до 80 килограми.

Македонскиот таеквондист изгуби со 15-9. Русинот Ларин важеше за фаворит во оваа категорија. Георгиевски има само 22 години, а неговата блескава спортска кариера штотуку започна да се одвива по нагорна линија.




Андријана му даде емотивна поддршка на Дејан и раскажа низ што поминуваат професионалните музичари и спортисти кај нас, а со тоа го раскажа и своето искуство со спортот.

-Освен на Отворено првенство на Македонија во шах, немам други професионални спортски настапи, но сум огромен љубител на спортот. Сакам пливање, автомобилизам, мотоциклизам, велосипедизам, планинарење, риболов, Ф1, фудбал, бокс, шах, стрелаштво, атлетика, да не ги редам…

Многу добро знам како и во какви услови тренираат македонските спортисти. Ќе дадам сличен пример со музичките натпревари: вежбаш во субстандардни услови, собираш пари за учество на европски и светски натпревари,

додека останатите учесници се сместени до салата за настап со доктори и масери, ти мора да станеш во ниедно време, да фатиш автобус, да си го носиш фустанот испеглан низ град, да чекаш пред сала да ти дојде ред и на крај да дадеш сѐ од себе за да ја претставиш Македонија во најдобро светло.




Само оној кој го поминал тој трнлив пат, без разлика за каков тип на натпревар станува збор, знае колку е тежок. Олимпискиот медал е врв во кариерата на секој спортист! Затоа, денешното сребро на Дејан Георгиевски вреди колку 10 златни медали! Не можам да опишам колку сум горда! Секоја чест, момче“.

Претходна статијаВилата на Гавазова ќе биде палата, сопругот Јамсин објави слики од нивното „тајно место“ (ФОТО)
Следна статијаТрифун Костовски објасни зошто се гради во Општина Илинден, колку е поевтино таму од Општина Аеродром