Вилата на Гавазова ќе биде палата, сопругот Јамсин објави слики од нивното „тајно место“ (ФОТО)

0

Откако се олабабавија мерките поради пандемијата, Сузана Гавазова повторно почна да настапува со полна пареа. Нејзиниот Фејсбук профил е полн со слики од настапи насекаде, и со слики од нејзините фанови како се фотографираат со неа.




Таа неодамна објави фотографија од неа и од сопругот на која се гледа дека се среќни и насмеани и со неа назначи колку поддршката од сопругот кој ѝ е ветер во грб ѝ е важна. До сликата што ја објави со Јасмин, Сузе напиша: Заедно сме посилни!




Сузана Гавазова е една од нашите најбарани и најпопуларни пејачки. Таа пред осум години од родната Струмица раскажа дека се сели во Шведска, каде го сретнала човекот на својот живот.




Станува збор за Јасмин Курузовиќ, босанец кој долги години живеел и работел во Шведска. Тогаш Гавазова изјави дека се запознале за време на нејзина турнеја, и по само еден месец тој ја побарал нејзината рака.

-Јасмин е човекот кој го барав цел живот. Се се случи бргу, но јас сум среќна – ни изјави таа веднаш по свршувачката.




Набргу ги добија и двете ќерки, Емили и Селена, а потоа решија да се вратат дома, во Македонија.

Јасмин и јас сме доказ дека кога љубовта е во прашање нема граници. Заедно сме седум години премногу ни е убаво заедно не ни забележавме кога поминаа, изјави своевремено Гавазова.




-Знаев дека има многу македонци овде. Жал ми е што си отидоа од Македонија и некако длабоко во себе живее надежта дека еден ден ќе се вратат.

Јас намерно се вратив од Шведска во Македонија, за и другите да земат пример од мене затоа што навистина Македонија е многу убаво место за живеење.




Имаме убава клима, земјата е плодна и раѓа многу производи, така да не знам. Ако има Господ, еден ден ќе се вратат сите.-вели познатата пејачка, во интервју за ИН ТВ.

Јасмин неодамна сподели слика како Сузе го бакнува, а сликана е во теретана. Всушност тоа е спомен од 2016 година, но парот и денес е исто така вљубен како и тогаш.

Малку тренинг, малку бакнежи, пишува до сликата на Јасмин и Сузе. Но, во една своја објава, тој ги покажува двете ќерки кои се убави на мајка им, Емили и Селена.




Наскоро, Сузана, Јасмин и ќерките ќе уживаат во својата нова куќа и многу се среќни. Причината е новата вила што тој и Гавазова ја градат, а според сликите кои ги објави, избрале прекрасна локација.

„Нов проект“, напиша мажот на Гавазова до сликите од вилата која почнува да се гради, а глетката е милион долари, целото Дојранско езеро на дланка!




Јасмин повтпрно објави слика од вилата која се гради, и се гледа дека е голема, на два спрата. тој под неа едноставно напиша: Тајно место! Уште од сега се гледа дека Сузана и тој ќе уживаат во палата.

Претходна статијаПријовиќ пак провоцира, се сликаше со бела маица но нешто забоорави да облече под неа (ФОТО)
Следна статијаАндријана Јаневска го раскажа трнливиот пат низ кој таа поминала, и го охрабри Дејан Георгиевски