Трифун Костовски објасни зошто се гради во Општина Илинден, колку е поевтино таму од Општина Аеродром

0

Статус на Трифун Костовски: ИЛИНДЕН И ОПШТИНА ИЛИНДЕН

„Почитувани пријатели, Имам потреба со вас да споделам еден многу пријатен и убав настан кој веќе со децении е врежан во мојата меморија, а тоа е празнувањето на големиот ИЛИНДЕН и Илинденското востание за нас Македонците.




На ден 21 Јули, бев поканет од Градоначалникот на Општина Илинден, мојот пријател Жика … за отворање на игрите посветени на Општината Илинден, а секако повод беше претстојниот празник Свети Илија и празнувањето на Илинденското востание.
На 21 Јули се одигра фудбалски меч меѓу фудбалскиот клуб Кадино и останатите фудбалски клубови од Општина Илинден.




Сакам да напоменам зошто денот 21 Јули ми е многу врежан во мојата меморија, бидејќи токму на овој ден по грегоријанскиот календар се празнува Свети Илија меѓу нашите Македонци во Егејскиот дел во Грција и Илинденското востание. Имав можност неколку пати да бидам гостин на овие прослави на тогашниот и претпоставувам сегашен Претседател на Виножито, Павле Воскопулос.




Чувството да се празнува овој голем празник меѓу моите Македонци во Егејскиот дел, беше многу големо.

Нека ни е вечен Свети Илија и Илинденското, да не дозволиме никогаш да оди во заборав. Темелите на нашата посебност и државотворност се удрени токму на овој ден во 1903 година.




Вториот момент кој што сакам да го одбележам е самата Општина Илинден.
Почитувани пријатели, Општина Илинден во минатото се идентификуваше со живинарската фарма Белимбегово, која веќе не постои, додека сите останати Општини во околината на Скопје, беа многу поразвиени од сите можни аспекти.




Денес Општина Илинден за Македонски услови и посебно за нас скопјаните е хит на успешна и напредна Општина. Убеден сум дека тоа е единствена Општина која гравитира кон Градот Скопје. Има најголем пораст на наталитетот во Република Македонија. Младите кои вообичаено сакаат да заминат од Македонија, од оваа Општина тоа не го прават.




Остануваат тука, го креираат своето семејство, ја креираат својата иднина и секако оваа Општина го поседува оној природен сегмент за нејзин натамошен, динамичен развој.

Почитувани, јас сум стар Скопјанец и ги паметам границите на Скопје од моето детство. Границите на Скопје беа од Водно до Чаир и Гази баба и од рампата на железничката пруга која денес не постои во Кисела Вода, до старото кино Карпош, денес читајте постоечката Универзална сала.




Општините Аеродром, Карпош не постоеа. Тоа беа непрегледни ниви изорани, добро обработени и домаќински водени.

Впечатокот од детството го доживеав повторно во Општината Илинден. Чувството на слобода, далеку од бетонските зданија, огромен простор кој го користат жителите од оваа Општина е навистина чувство кое не се заборава.




За многу скопјани Општината Илинден претставува дестинација за постојано населување, бидејќи животните трошоци од аспект на живеалиште и храна се многу пониски. Се гради најмодерниот дом за стари лица во Општината Илинден, се градат многу станбени објекти во кои што се вселуваат многу мои скопјани.




Ќе прашате ЗОШТО? Затоа што комуналиите на изградениот станбен простор во Општина Илинден кој е само на 4 километри оддалеченост од Општина Аеродром во Скопје по воздушна линија се за 50 пати пониски. Не еднаш или два пати, 50 пати мои пријатели! Денес Општината Илинден има изградено многу инфраструктура за развојот на спортот и културата. Имате 4 прекрасни фудбалски игралишта, осветлени, инфраструктурно опремени.




Почитувани мои пријатели, Скопје кој денеска брои околу милион жители нема такви фудбалски терени какви што ги има Општината Илинден.
Честитки за визионерството на локалната самоуправа во Општина Илинден. Честитки за граѓаните од Општината Илинден, кои си ја сакаат Општината и заеднички ја доизградуваат.




Завршувам со констатацијата: Од центарот на Општина Илинден, до Центарот на Град Скопје, се стигнува за неполни 20 минути со автомобил.

Претходна статијаАндријана Јаневска го раскажа трнливиот пат низ кој таа поминала, и го охрабри Дејан Георгиевски
Следна статијаПак се огласи Велевска откако кажа дека децата не се со неа: Битно ми е да ми растат во здрава средина, за разлика од онаа која што беше во нашиот дом