Италија затвора хотели – илјадници луѓе остануваат без работа

0

Американската економија е во рецесија, објави економска истражувачка група. Националното биро за економско истражување објави дека рецесијата почнала во февруари, и ја опиша состојбата како опаѓање на „економските активности кои траат повеќе од неколку месеци“.

Некои економисти предвидуваат дека актуелната рецесија нема да трае долго со оглед во тек е фазно отворање на економијата и се очекуваат нови работни места.

Но, оптимизмот може да го засени евентуалниот втор бран на коронавирус. Ако тоа се случи, тогаш ќе бидат потребни повеќе од две години за да може американската економија да се врати на нивото пред Ковид-19.

Повеќе од една четвртина од хотелите низ Италија ќе останат затворени во јуни и покрај излегувањето на земјата од блокадата по околу три месеци рестриктивни мерки поради коронавирусот, а повеќе од 20 проценти ќе бидат затворени во текот на целата летна сезона, според италијанската асоцијација на хотели „Federalberghi“.

Менаџерите на околу 30 проценти од хотелите во Италија решија да ги задржат своите капацитети затворени во јуни, се вели во извештајот, додавајќи дека околу 80 проценти од вкупниот број хотели во Италија се планира да се отворат во август.

Исто така, се наведува дека околу 118.000 луѓе ги загубиле сезонските работни места во хотелската индустрија во текот на мај, како резултат на состојбата со вирусот „Ковид-19“. Некои хотели што се отворија во Фиренца, една од најпопуларните туристички дестинации пред пандемијата, откако стравуваат за бизнисот затоа што нема многу резервации.

Италија ги отвори своите регионални граници на 3-ти јуни по три месеци ограничени мерки на движење. Во исто време, дозволени се пристигнувања од ЕУ и Шенген земјите, но првите туристи се претежно Италијанци, а хотелите кои се отворени очекуваат странски туристи во јули и август.

Италија е првата земја во Европа што воведе општи карантински мерки на почетокот на март, а со постепено олеснување на рестриктивните мерки, излезе од блокадата по околу три месеци.

Претходна статијаКој како неа – сваќата на Цеца најверојатно ќе се посвати со уште една пејачка
Следна статијаЕдноставно и брзо – со само еден клик веднаш може да проверете дали ве следува државна помош