Едноставно и брзо – со само еден клик веднаш може да проверете дали ве следува државна помош

0

Владата како што е познато најави мерка за помош на граѓаните со платежна картичка, а се со цел за помош поради пандемијата со корона вирусот. Има повеќе категории за парична помош кои се поделени според категоризација.

Корисници на домашни картички се: Граѓани со низок доход: Приматели на социјална помош и невработени евидентирани како активни баратели на работа во АВРСМ до 22.05.2020, кои оствариле нето доход до 180.000 ден во 2019 и нето доход до 60.000 денари во период од јануари до април 2020 година, согласно евиденцијата на УЈП. Тие ќе добијат картичка со 9.000 денари;

Вработени со низок доход: Лица кои се во работен однос и кои за периодот од јануари до април 2020 година, оствариле доход само по основ на плата и надоместоци на плата во нето износ не поголем од 60.000 денари на ниво на полно работно време, според евиденцијата на УЈП. Овие корисници ќе добијат картичка со 3.000 денари;

Млади лица: Лица со наполнети 16 години и не постари од 29 години (заклучно 22.05.2020) година, активни учесници во државното формално средно образование и високото додипломско образование. Тие ќе добијат картичка со 3.000 денари;

Здравствени работници ангажирани во справување со КОВИД-19: Вработени во ЈЗУ, Клиника за инфективни болести, Институт за јавно здравје, Центри за јавно здравје, Итна помош, инфективните одделенија и вработени во други одделенија ангажирани за тестирање, дијагностицирање и лекување на граѓани заболени од КОВИД-19. Овие здравствени работници ќе добијат картичка со износ од 40% од основната нето плата.

Граѓаните од денес ќе може да проверат дали им следува, односно дали се корисници на некоја од платежните картички и која е нивната банка издавач.

Од денес со само еден клик може да проверите дали и вие сте добитник на домашна платежна картичка.

Веб-сајтот http://www.kupuvamdomasno.gov.mk/ е активен. Па се што треба да направите откако ќе го отворите порталот е да го внесете вашиот матичен број и да кликнете на копчето „Пребарај“.

Веднаш потоа ќе добиете информации дали сте добитник на домашна платежна картичка и колку изнесува истата во денарска противвредност.

Корисниците ќе бидат исконтактирани од банките. Целиот процес е направен да биде максимално едноставен за корисниците, без пријавување или аплицирање, туку институциите да ја завршат целата постапка за нив.

Претходна статијаИталија затвора хотели – илјадници луѓе остануваат без работа
Следна статијаПознатата наша пејачка емотивно се отвори: Свесна сум и дека се соочувам со огромни животни препреки