Трајче од Свети Николе кој работи во Норвешка открива како заминал и како е да се живее таму

0

Се повеќе Македонци се иселуваат надвор од границите на нашата држава, е една од државите каде што се почесто одат е и Норвешка. Таков е случајот со куварот Трајче Кралев од Свети Николе кој во интервју за „балкон3“ проговори како дошол до оваа работа и како е да се живее во Норвешка.

Како дојдовте на идејата да заминете за Норвешка? Тоа не е земја која е на врвот на списокот за заминување на работа во странство. Барем што се однесува за Македонците.

Па добро, можеби не е земја која е на врвот за работа но сепак е навистина прекрасна земја и може да се научи многу, но и секако да се заработи. Норвешка за нас Македонците и не е баш позната земја, на почетокот потоеше во мене некоја неизвесност дали соодветно ке одговорам на зададените обврски околу сканднавската кујна , некои нивни специјалитети, дали соодветно ке се вклопам во нивниот менталитет, но тоа беше само почеток, сега е навистина супер.

Имавте ли некој тест на работа пред да ве примат, на пример требаше ли да зготвите нешто, па тоа некој да го оцени? Како течеше тој процес?

Претходно имав некои подготовки, беше потребно да имам барем мало познавање од скандинавската кујна и некои нивни специјалитети и јадења да ги научам, што и не беше така тешко за мене. Секако кога отидов таму имав некои така да ги наречам „предизвици„ преку подготовка на јадења од моја страна кои што многу успешно ги поминав.

Како ве прими Норвешка? Норвежаните, воопшто Скандинавците овде уживаат имиџ на воздржани луѓе, што со странци потешко остваруваат другарство, блискост?

Да, уживаат имиџ на воздржани луге. Јас навистина имам добро искуство, со нив контактирам , се дружам , но сепак мислам дека е многу важен пристапот кој што го имаш, тоа ја каректеризира твојата личност а тоа секако се гледа и забележува.

Од почеток ли работите на исто место или веќе сменивте работа?

Не, уште од почетокот сум на едно место односно сум во „Hanko Fjordhotell & Spa“ и сега во моментов не планирам да менувам ниту место ниту позиција ххахаха. Се шегувам сега во моментов сум тука но не значи дека постојано ќе бидам ,можеби ке сменам град, ресторан, не знам времето ќе ги донесе промените кога ќе се створат услови за тоа.

Пред неколку години уште една наша Македонска во Норвешка, Славица Савеска Кењереш говореше за сите они од Македонија што планираат да се доселат таму

Македонец (со исклучиво и единствено поседување на македонски пасош), може да дојде во Норвешка само туристички и тоа три месеци во временски период од пола година. За тоа време тој нема право и по закон не смее да работи, туку единствена цел на посетата да биде строго туристичка.

Објавената информација се однесува само и исклучиво за државјани на ЕУ- членка (што секако не сме ние). Единствениот начин на добивање работна виза со македонски пасош е договор за работа во твојата струка, каде твојот работодавец пред Полицијата ќе гарантира за твојата висока компетентност.

Тоа значи од прилика вака, ако си студирал на Економски факултет треба да добиеш договор за работа во Норвешка за работно место кое е во тесна корелација со твојата диплома (банкарски работник, сметководител, менаџер, аналитичар).

Твојот работодавец треба да биде дел од целата процедура на аплицирање за работната виза и да гарантира за тебе пред властите. Згора на се, добиениот договор треба да биде во висина од 35.000 евра (годишна плата пред данок), со што ќе се потврди твојата способност да се издржуваш во Норвешка.

Доколку се исполнат овие услови, постои можност за повлекување на целото семејство во Норвешка со така наречената family-reunion виза. Условите се далеку поинакви за европејци кои да, можат да дојдат и да бараат работа 6 месеци, не им треба работна виза во тој период и можат да работат било каква работа, без разлика на нивното претходно образование.

Претходна статијаПознато кога 10.000 македонски семејства ќе добијат по 1000 евра од државата
Следна статијаАмди Бајрам откри со што се соочува: Цели 14 дена сум по болници