Познато кога 10.000 македонски семејства ќе добијат по 1000 евра од државата

0

Инверторите кои ги вети Владата од септември минатата година за домаќинствата во најзагадените општини, се уште не се до никаде. Васко Ковачевски, директор на Електрани, се надева дека нивната распределба ќе се случи до 15 април.

10 милиони евра обезбедени од Национални електрани за субвенционирање на инвенторите, се распределени во 4 најзагадени општини, Битола, Кичево, Тетово и Скопје, но речиси ниедна од нив не ги започнала процедурите.

Пред 10 дена градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов вети дека наскоро ќе упати апел за субвенции но такво нешто се уште не се случило.

Владината мерка предвидува 10 семејства да добијат по илјада евра за купување инвертор. Предвидено е 5200 инвертори да се поделат во Скопје, по 2500 во Тетово и Битола и 800 во Кичево, а следните години и во други градови.

Субвенциите за инверторите се една од ерките за намалување на загаденоста на воздухот во најзагадените градови. Со оваа мерка се предвидува да се смени начинот на греење на домаќинствата.

Тоа значи да се отстранат шпоретите на дрва и наместо нив да се постават инвертори. Тие се предвидува да се распределат во места каде нема систем за централно греење и гасификација.

Kвалитетна и здрава животна околина е еден од основните предуслови за квалитетен живот на сите граѓани во Република Македонија, и заложба на Владата на Република Македонија. Чистиот воздух е една од главните компоненти, кој, за жал, историски гледано во Република Македонија, во последните децении, бележи високи вредности.

Секундарни (формирани со интеракција на две или повеќе загадувачки супстанци или при интеракција на примарни загадувачки супстанци со компоненти кои се присутни во незагаден воздух)

Емисијата на загадувачки супстанци во воздухот потекнува од скоро сите економски и социјални човекови активности: сообраќајот, индустријата, согорувачките и енергетските постројки, домаќинствата, градежните активности, депониите (особено дивите) за отпад и земјоделските активности.

Согорувањето на биомаса од страна на домаќинствата, односно горењето на цврсти горива како дрвото и јагленот, е значаен извор на директно емитирани цврсти честички и полициклични ароматични јаглеводороди (PAHs), кои спаѓаат во класата на канцерогени супстанци. Земјоделството е главна одговорна активност за емисијата на амонијакот (NH3), кој има влијание како врз здравјето на луѓето така и врз екосистемите.

Претходна статијаМарија: Во молам мили мои, пуштете една молитвичка за Дарин кој три недели се бори за живот во Германија
Следна статијаТрајче од Свети Николе кој работи во Норвешка открива како заминал и како е да се живее таму