Амди Бајрам откри со што се соочува: Цели 14 дена сум по болници

0

Претседател на политичката партија Сојуз на Ромите од Македонија и актуелен пратеник, Амди Бајрам секогаш е интересен за јавноста.

Цели 14 дена сум по болници, со тешка бронхопневмонија, со инфузии, инхалации, инјекции, лекарства… И покрај тоа, јас решив да го испочитувам НАТО, да го испочитувам собранието, и болен, со температура право од болница да дојдам во Собрание. Како да се однесува, каков да биде болен човек?

Нормално дека ќе следам седници со подзатворени очи, кога немав енергија за ништо друго – за „Фокус” раскажува пратеникот и претседател на Сојузот на Ромите, Амди Бајрам.

Изминативе денови негова фотографија, на која што во Собранието седи со затворени очи се најде во повеќе медиуми, и веста дека Амди го „преспа“ НАТО и често задремува во собраниската сала беше една од најкоментираните теми на социјалните мрежи.

Сепак, како што ни изјави Бајрам, вистината е сосема поинаква, бидејќи тој две недели бил во доста лоша здравствена состојба.

-Многу вредам, па затоа постојано ме пишуваат и гледаат дури и кога ќе трепнам! Јас секој ден во дневна болница, кој не верува може и да провери, со терапија, тешка бронхопневмонија, ама собрав сили и ги испочитував и НАТО и сите процедури.

Да беше некој друг со мојата дијагноза, тешко дека ќе дојдеше во Собрание. Но, собрав сили, по четири часа на инфузија дојдов право во Собрание. Имав многу силно воспаление, но и тоа не ме спречи да дојдам на свечената седница за ратификација на Протоколот за пристапување на Северна Македонија во НАТО – појаснува пратеникот.

Како што е познато Бајрам во 2004 беш обвинет за кражба на платно од штипската фабрика „Македонка“ вредно 750 илјади евра. Тој првично беше осуден на 7-годишна казна затвор, која потоа му била намалена на 4 години.

На локалните избори во 2005, додека пресудата уште не била правосилна, се кандидираше за градоначалник на Шуто Оризари. Иако победи, беше градоначалник нецел месец бидејќи бил однесен на издржување затворска казна во затворот во Штип. Во 2007 казната му била намалена за шест месеци од претседателот Црвенковски, а во 2008 излегол од затвор

Претходна статијаТрајче од Свети Николе кој работи во Норвешка открива како заминал и како е да се живее таму
Следна статија(ВИДЕО) Малиот Итан е вистински херој: Сите зборуваат за она што го направил