Верскиот празник Тодорова сабота, попознат меѓу народот како Тодорица, започнува да се слави уште вечерта пред самиот празник, во петок. Следниот петок, во првата недела од големите пости.
Овој подвижен (непостојан) празник, кој го менува датумот според Велигден, се паѓа секогаш првата сабота по Прочка, значи на крајот на првата недела од големите Велигденски пости.
Јавувањето на Св. Теодор Тирон и укажувањето на подлите намери на царот Јулијан Отстапник биле повод да се востанови празникот Тодорова Сабота, што се празнува во првата сабота од Велигденските пости, односно првата сабота по Прочка.
Споменот на светиот великомаченик Теодор Тирон се празнува на 1 март/17 февруари. Но, кај нашиот народ попознат е другиот празник поврзан со овој светител, а тоа е Тодорова Сабота (Тодорица), подвижен празник, што се празнува во првата сабота од Велигденскиот пост.
Според едно предание од Гевгелиско Свети Тодор бил војник во царевата војска и кога дознал за намерата на еврејскиот цар да го укине христијанскиот пост трчал со коњот од место во место за да ги храбри христијаните да издржат зашто, како што претпоставувал, Евреите до првата сабота морале да попуштат. Тоа негово предвидување се покажало точно поради што црквата го прогласила за светец.
Во спомен на овој подвиг на Теодор Тирон се празнува празникот Тодорова сабота во народот познат како Тодорица. Овој празник спаѓа во оние празници што немаат постојан датум туку зависат од Велигден. Секогаш се паѓа на една недела по Прочка, поточно првата сабота по овој празник што значи дека тој е на крајот од првата недела од големите Велигденски пости.
Иако Тодорова сабота е црковен празник, а на тоа упатуваат повеќето обичаи што се изведуваат во црквата, сепак, на овој ден се изведуваат и повеќе обичаи кои очигледно водат потекло од многу постари времиња.
Очигледно е дека иако празникот Тодорова сабота или Тодорица е пред се црковен празник, иако повеќето од обичаите се изведуваат во црквата и се поврзани со споменот на Свети Теодор Тирон, особено житото, сепак, во овој празник се контаминирале и поголем број пагански обичаи поврзани со доаѓањето на пролетта и со разбудувањето на вегетацијата.
Иако се работи за црковен празник, поради што и повеќето од обичаите се изведуваат во црква, многу од нив датираат од многу поодамна. Тоа се пагански обреди поврзани со будењето на природата и доаѓањето на пролетта.
Еве што треба да направите:
Вечерта спроти празникот младите девојки изведувале повеќе обичаи за да го откријат својот иден сопруг. Така, преку црковниот олтар три пати префрлале крпчиња во кои имале врзано варена пченка и пченица.
Овие крпчиња, првиот касај од Тодоровата погача која ја добиле во црква и крајот од појасот со кој бил врзан бардакот со вода, ставен до креветот, ги ставале под перница.
Пред да си легнат го изговарале следново: “Кој ми е речен, да ми дојдит на мостов, да поминит по појасов, да го видам во сонот”. Во Битола, постарите, мажени жени како да биле позаинтересирани од момите па се служеле со еден марифет за да го дознаат идниот маж на своите ќерки.
Тие земале три зрна од пченица паднати на црковниот под. Потоа некако успевале да им го украдат на ќерките првиот залак, кој со пченичните зрна го ставале под нивните перници.
Следниот ден со нетрпение чекале да го слушнат сонот и да ја “дознаат” судбината на нивната женска челад.