Oткажан чартер лет од Франкфурт за Македонија, патниците не сакале да летаат со 737 Max 8

Чартер-лет од Франкурт за Скопје бил одложен додека не се најде нов воздухоплов, бидејќи според редовниот распоред требало да се лета со фамозниот модел на Боинг – 737 Max 8, кој за кратко време доживеа две несреќи во Индонезија и Етиопија.

Веста за „Билд“ ја потврди туристичкиот гуру во Германија, Кеј П. Родегра, кој е адвокат и професор по патничко и воздухопловно право. За „Билд“ тој потврди дека во моментов нема хаос на германските аеродроми, иако се избегнува овој тип на авион кој го замени стариот Боинг.

loading...

– Во Франкфурт, забраната во средата влијаеше на само два лета. Едниот е лет до Варшава. „Забранетото“ летало ќе биде заменето со друг авион. Дополнително, откажан е чартер лет до Македонија. Патниците ќе бидат префрлени на други летови – изјави Родегра.

Како што вели тој, немало откажувања ниту одложувања на аеродормите во Берлин, Келн, Бон, Хановер, Хамбург, како и во Лајпциг и Дрезден, каде што ретко полетува овој тип на авион.

И Македонија ги забрани летовите на „Боинг 737-Макс 8“ и „Боинг 737-Макс 9“ поради истрагата која се води во врска со овие типови на авиони.

– „Од денеска е на сила забраната за слетување и полетување на воздухопловите Боинг 737-Макс 8 и Боинг 737-Макс 9, како и надлетување над воздушниот простор над државата. Забраната следи како мерка на претпазливост“, изјавија денеска од Агенцијата за цивилно воздухопловство за Независен.

Откако се случи голема трагедија со летот ЕТ302 на компанијата „Етиопијан ерлајнс“, кога авион од типот „Боинг 737 Макс 8“ се урна при што загинаа сите патници и членови на екипажот, Европската агенција за безбедност во воздухопловството одлучи да ги суспендира сите летови на овој модел на авиони.

Според експертите, во моментов ума доволно резервни авиони така што не се очекуваат поголеми нарушувања во редовните летови.

loading...