Шенка Колозова, актерка и сценарист на Македонските народни приказни, сопруга на Ѓорѓи Колозов, со еден збор жена која ретко кој не ја почитува.
За театарот „Колозов“, Шенка, инаку дипломиран теоретичар на книжевноста, напиша бројни сценарија и драматизации на Цепенковите народни приказни.
Во приватниот театар „Колозов“ – уште 16 премиери. Кога Шенка ќе рече „Се изнаработев во животот“, тоа никако не е лесно изречена фраза, туку тешко спечалена вистина.
Таа сега е повторно активна, работи на новите сценарија и на снимањето на новите Макеоднски народни приказни заедно со нејзините стари пријатели и колеги Лазар Бараков, Гоце Тодоровски и другите доајени.
Ѓорѓи Колозов својот пат го завршува во 2003 година на 13 Октомври на 55 годишна возраст. Заминува неочекувано без поздрав.
Создаде дела во временски период како да бил 300 годишен човек! Но, Шенка и Ѓорѓи се и креатори на нивниот театар „Колозови“.
Кога Шенка ќе рече „Се изнаработев во животот“, тоа никако не е лесно изречена фраза, туку тешко спечалена вистина, објави Женски магазин.
-Ви благодарам што сте помислиле на мене. Тоа што сè уште мислите на мене е знак дека сета таа работа не била залудна – изјави Шенка за истиот медиум кој неодамна се потсети на оваа интервју со легендарната актерка.
Таа пандемските денови најчесто ги минуваше во нејзината викендица, во охридското село Велестово.
Во својот рај во Велеството, Шенка ужива во прилагодената селска куќа, дворот е со цвеќиња. Шенка таму одгледуваше зеленчук, ги чуваше своите кучиња и мачки, ги хранеше селските кучиња и мачки, косеше трева и сече дрвја.
Горан Марковски, администраторот на страната на Ѓорѓи Колозов на Фејсбук е заслужен што делото на последниот македонски цар, Колозов не замина во заборав. Тој редовно на оваа страница пишува интересни нешта за Колозов.
Една од поновите приказни е поврзана со Шенка, тоест со љубовната приказна на Ѓорѓи и на Шенка. „Незаборавно време со Ѓорѓи и Шенка. Ѓорги Љатко.
Написов (Љубовната приказна) е за првите заеднички години на Шенка и Ѓорги. Јас би дополнил за подоцнежните нивни заеднички години. Ја имав среќа и чест да се запознам со двајцата подоцна од горе кажаното.
„Летно време во Охрид, гужва насекаде и во Понеделник е пазарен ден. Ѓорги ја носеше Шенка на пазар а тој ја паркираше колата во Телеком и доаѓаше кај мене на муабет. Шенка многу не го носеше на пазар бидејќи според неа “не знаел да пазари”.
(Штом видел некој скромен и посиромав продавач му купувал се без разлика дали тоа е потребно или убаво).
Ги паметам вечерите кај нив во Велестово во Август штом завршеа поетските вечери во Велестово.
Кон крајот на Септември секоја година се враќаа во Скопје и пред да си заминат обавезно не викаше со неколку пријатели кај нив дома во Велесто(во) за последна средба од таа година.
Обично ние носевме домашно вино и ако начекавме риба – последната година – 2003 однесовме грунци кои се највкусни во есен околу грозјебрајне (ова по охридски). Сега морам да кажам за Шенка : Нема зимница што таа не ја подготвува(ше) и ја планираше за носење во Скопје.
Штом седневме , Ѓорги заповедаше: Де Шенке, донеси од таа што ја спремаше вчера, де од таа другата, де од таа лутата. Ние не знаевме која побргу да ја пробаме, дури и рибите остануваа а зимницата се јадеше.
П.С. Ако планирате да правите зимница, не барајте на Интернет, не барајте по книги и списанија за готвење, побарајте ја Шенка да ви ги даде нејзините рецепти.“, стои во оваа објава.