Многу си личат – Блага Петреска објави слика со својата гордост, ќерката (ФОТО)

0

Доајенот на македонската народна песна, Блага Петреска, повеќе пати има раскажано дека има две деца, син и ќерка, и четири внуци.

Синот Олег Кондратенко е еден од највлијателните македонски музички уметници и работи во земјава, а ќерка ѝ Оља работеше и живееше во странство. Но, како што откри неодамна Петреска, ќерка ѝ се вратила овде во земјава.

– Мојата ќерка се врати со своето семејство и сега сум многу среќна што сме сите тука заедно, рече музичката легенда на народна музика во една прилика и додаде:

Јас сум во постојан контакт со моите четири внуци, додека нивните родители се на работа, баба е овде да зготви и да ги пречека децата, вели пејачката.

Како семејство кое се занимава со музика, Блага за Женски магазин изјави дека слободното време не го користат за дополнително консумирање музика, туку за да разменат мислења и да се дружат како семејство.

– На прашањето за мојата енергија ќе кажам дека човекот се раѓа со енергија, а после е прашање каде ќе ја усмериш енергијата.

Може да биде во позитивен и негативен правец. Јас сум непоправлив оптимист му се радувам на животот и на се што ме опкружува“, рекла таа за Свет Австралија.

Блага Петреска учествува во една реклама за апарат за готвење, и во неа, таа ги покажива своите внуци. Таа во реклалата раскажува дека сака да ги готви сите традиционални македонски специјалитети.

-Овде ќе ставам месо или зеленчук, или некоја чорба, и само ја вклучувам програмата, и имам време да се напијам кафе со пријателка, да прочитам книга.

Апаратот сам си готви. Децата кога ќе ми дојдат, за кратко е готово“, рече пејачката.

Потоа Блага готвеше заедно со нејзините внуци, кои сецкаа зеленчук со неа, па беа заедно на прошетка и откри дека доста време поминува со нив и ужива во тоа квалитетно заедничко време.

Иако сите ја знаеме како весела, позитивна и насемеана, животот на Блага Петреска не бил секогаш мазен и весел.

Низ годините, таа се соочувала со тешки животни предизвици за кои многу ретко зборувала во јавноста. Била многу млада кога си заминал нејзиниот сопруг и никогаш повторно не се омажила.

Кога Блага Петерска пее, нема кој не може да се развесели, а со години наназад се слушаат нејзините хитови: Ти ме предаде, Пеам да не заплачам, Чувај ме, Песната може се.

Блага завршила нижо музичко училиште во Прилеп, средно музичко училиште и Виша педагошка академија во Скопје. Три години работела како наставник во нижото музичко училиште во Прилеп, а три и пол децении како член на хорот при операта на Македонскиот народен театар во Скопје.

Но, освен за песна, за Блага се знае и дека е талентирана актерка. Ја играла насловната улога во драмата „Коштана“ и тоа заедно со Петре Прличко.

Првите снимки како изведувач ги направила со оркестарот на Кочо Петровски. За РТБ, а подоцна за повеќе македонски издавачки куќи снимила голем број плочи, ЦД и други носачи на звук со разни оркестари и групи.

Таа е горда мајка и горда баба, а во една прилика зборуваше и за своето семејство.

Мојот син, веќе сите го познавате, е извонреден професор Олег Контраденко, диригент и среќно оженет со исто така извонредна вилионистка со потекло од Русија која сега е права Македонка, Ана Кондраденко. Ќерката и зетот исто така среќни.

Имам три внуки и еден внук. Што друго би посакала“, има изјавено Блага во едно интервју за Свет Австралија.

Блага Петерска објави слика од есеснската прошетка со својата ќерка, која по долги години се врати во Македонија откако живееше во странство, како што претходно Блага изјави.

На ќерката на Блага ѝ било роденден, а Петреска на Фејсбук објавила слика со неа и напишала: Благослов е да имаш ќерка. Душо моја, остани таква насмеана и раздрагана, среќен роденден.

Претходна статијаПриказната за Ѓорѓи и Шенка кој ретко кој ја знае – еве зошто бил многу горд на неа
Следна статијаКристина се огласи јавно по венчавката на Даниел: Нашла крпа закрпа, секој да си го добие тоа што го заслужува