Идат многу медицинари во Германија, ја тука работам како сестра – ќе се обидам да кажам што ги чека

0

Секој би сакал да биде дома, покрај своите блиски, пријатели, роднини, родители. Но мора од нешто и да се живее. Многумина кај нас си го наоѓаат чарето, но има и такви како мене, кои среќата си ја бараат надвор од нашите граници.

Во Германија, живеам веќе 15 години. Навикната сум веќе на нивниот менталитет и се вклопив комплетно во начинот на живот овде.

Работам како медицинска сестра во една приватна клиника и добра ми е платата. Сопругот е систем инжењер во IT компанија. Добро заработуваме.

Но сепак, животот овде, во поглед на социјален живот не е ни оддалеку како кај нас.Нема полни кафулиња во работна недела, нема одење по гости, скари, дружба…

Се знае, опуштање само за време на викенд, под услов да немате работа како мојата, бидејќи јас работам и за викенд, а слободни денови може да ми се погодат во сред работна недела, кога мојот сопруг работи, а децата се на училиште.

Но во викендите кога сум слободна, знаеме да отидеме до Австрија, Белгија или Италија и да се опуштиме.

Секако, тука е и годишниот одмор кој го користиме за да ги посетиме нашите во Македонија, или да отидеме на море во Франција или Грција.

Но би сакала да се задржам на нешто друго. Наши пријатели кои дошле од Франција или Италија за да работат овде се изненадиле од тоа како овде функционира системот.

Во Геманија,, кога работникот е на работа, не прави ништо друго освен навистина да работи.

Тоа значи нема Фејсбук, муабетење за приватни работи со колеги, скролање на Reddit со часови и спремен лажен документ за преправање дека се работи, кога ќе се појави шефот не може да помине.

Работната култура во Германија се базира на интензивно фокусирање на работата како и директна комуникација.

Исто така, Германците ретко се дружат со колегите – сакаат да има граница помеѓу приватниот и професионалниот живот.

Сепак, од Германците може да научиме многу. Издвојување на професоналниот и приватниот живот, овозможува избалансиран живот – оставање на телефонот и компјутерот по работното време дава психички одмор од стресот на работата и овозможува да се вратите свежи следниот ден, со нови сили за работа. И уште нешто околу нивниот начин на размислување.

Нивната филозофија, особено за оние што работат приватно е дека, ако отидат во кафеана во работно време, наместо да работат, нивниот трошок е дупли.

Ем потрошиле во кафеана, ем не заработиле. Се надевам дека успеав малку да ви го доловам животот во Германија.

И.П. Фото: Илустрација

Името и презимето познати на редакцијата. Овој текст е авторски и не смее да се копира и реемитува без одобрение на редакцијата на Галама

Претходна статијаДимитри Попоски од Струга кој живее во Америка: Благодарение на д-р Жан Митрев, ден – денес му се радувам на животот
Следна статијаПроф. Даниловски кај Јанко разреши многу дилеми на граѓаните