Димитри Попоски од Струга кој живее во Америка: Благодарение на д-р Жан Митрев, ден – денес му се радувам на животот

Нашиот најпознат кардиолог, кој повеќе од дваесет години работи во својата приватна „Жан Митрев Клиник“, има добиено бројни признанија за својата работа. Тој е еден од ретките наши доктори, кој одеше во обратна насока, па така од „комфорната“ Германија, каде исто така беше познат и признат, одлучи да се врати во татковината и своето знаење да го стави на располагање на нашите граѓани.

Уште повеќе, влезе во приватни води, каде освен со струката, требаше да се занимава и со разноразни административни препреки, сплетки, подметнувања и сè она што вообичаено не би требало да биде работа на еден врвен стручњак.

Сепак, ниту едно државно или институционално признание, нема вредност, како она од пациентите, а таквите исповеди од луѓе на кои д-р Жан Митрев им помогнал, се многубројни. Едно такво, можете да прочитате подолу. Се работи за Димитри Попоски од Струга, кој долги години живее во САД. Тој за Галама го раскажа своето искуство:

-Пред 12 години, јас вообичаено бев дојден од Америка во Македонија, во летниот период. Тоа со години го практикувам и во татковината седам по неколку месеци. Струга летно време е прекрасна, а нешто што со душа го чекам, се Струшките вечери на поезијата.

Шетајќи една вечер низ струшката чаршија, се сретнав со д-р Виктор Топаловски, аврвен интернист и кардиолог, докажан дијагностичар, кој има две приватни ординации во Охрид и Струга. Со него сме и роднини.

По неврзаниот разговор, тој ми предложи да појдам во неговата ординација, за да ми направи рутински преглед. Јас не сакав да прифатам, бидејќи немав некои проблеми, односно немав никакви проблеми. Но сепак се согласив.

По неколку денови отидов кај Д-р Топалоски, а тој ми направи ЕКГ, стрес тест и коронографија. На мое големо изненадување, ми утврди две затнати артерии.

Ќе напоменам уште еднаш, јас немав никакви проблеми, немав дури ниту покачен холестерол или притисок. Јас во Америка, но и кога доаѓав во Македонија, се грижев за моето здравје. Одев редовно на пешачење и на базен, а исто така, внимавав и на исхраната.

Докторот ми објасни дека срцевите заболувања, често знаат да бидат и асимптоматски, а по разговорот со мене, беше прилично сигурен, дека мојата состојба се должи пред сè на стресниот начин на живот.

Доктор Топаловски, веднаш ми препорача да се обратам кај д-р Жан Митрев во Скопје. Така и направив. Закажв термин за преглед и отидов. По прегледот кај нив и тие ја констатираа дијагнозата која ја постави д-р Топаловски и ми беше предложен оперативен зафат.

Долго размислував дали интервенцијата да ја направам во Македонија, или во Америка, со оглед на тоа што сум здравтсввено осигуран во Америка, но со оглед на тоа што го знаев за д-р Митрев, кој ми беше познат како врвен кардиолог, кој престојувал и работел во Германија, се одлучив интервенцијата да ја направам кај него.

Докторот и неговиот тим ме изненадија со нивниот професионализам, од приемот до сместувањето, интервенцијата и потоа… Тоа изгледаше како да се наоѓам во хотел со 5 ѕвезди, а не во болничка установа.

Да ми верувате на зборот, она што го видов кај д-р Митрев ми личеше како да сум во некоја американска болница, па дури и подобро.

Имавме неколку средби пред интервенцијата, а тој на професионален начин ми објасни дека ризикот по мојот живот е преголем, доколку не се одлучам за опе рација. Истовремено психолошки ме охрабри да не размислувам и да не се плашам, дека се ќе биде во ред, како и што беше.

Операцијата на отворено срце помина во најдобар ред и многу брзо се опоравив. По само два месеци од интервенцијата, ми беше дозволено да летам со авион и се вратив кај семејството во Њу Џерси.

Благодарение на д-р Жан Митрев, јас ден – денес му се радувам на животот, на сопругата, на децата, на внучињата. Сè уште сум активен и работам, но и уште поревносно внимавам на моето здравје. Секое утро сум во фитнес центарот во близина на мојата куќа.

Пливам на базен по еден час, а потоа на лента за одење уште еден час. Попладне, после работните обврски, пешачам во блискиот парк. И ова сакам да биде еден апел до сите, грижете се за своето здравје! Немојте да чекате нешто да се случи, па да почнете да спортувате и да внимавате на исхраната.

Јас бев еден од оние кои внимаваа, но живееме во 21 век, време во кое многу важна улога за квалитетот на нашето здравје игра и темпото на живеење, кое овде кај што сум јас, е на извонредно високо ниво.

Обработи: П.П.   Фото: Илустрација

Не смее да се реемитува на други портали без одобрение од редакцијата на Галама

Претходна статијаОбјавена слика на Цеца со мајка ѝ која крие посебна приказна
Следна статијаИдат многу медицинари во Германија, ја тука работам како сестра – ќе се обидам да кажам што ги чека