Се огласи Русија по повод нашиот прием во НАТО: Проширувањето со Северна Македонија ќе донесе нови поделби

0

Пред неколку денови беше депонирана повелбата за зачленување и нашата држава стана триесетта членка на НАТО. Сето ова помина без поголема помпа, поради состојбата со Корона вирусот, иако властите имаа план да го одбележат овој чин на посебен начин.

Реакциите од повеќето земји беа позитивни, пристигнаа честитки, особено од земјите сојузници. Денес порталот Прес 24 пренесе реакција од Русија, по повод нашето присоединување кон алијансата.

Курсот на НАТО кон проширување единствено создава нови линии на поделби во момент кога на светот му треба обединување во борбата против коронавирусот, се вели во соопштение на руското Министерство за надворешни работи, по повод членството на Македонија во Алијансата.

Според Министерството, присоединувањето на Скопје кон Алијансата „не носи никаква дополнителна вредност ниту за регионалната, ниту за европската безбедност“.

– Ваков чекор нема да придонесе за обединувањето на напорите за борба против заедничките закани и предизвици, вклучително и борбата против коронавирусот. Ќе создаде само нови линии на поделба, се наведува во соопштението на руското МНР.

Како што наведува Министерството, „обидите да се даде попмезност и важност на тој настан се покажале безуспешни, поради влошената ситуација со Ковид-19“.

– Во услови на вонредна состојба во земјата, лидерите на Северна Македонија сепак не ја испуштија можноста да укажат на историскиот карактер на членството во НАТО, што ја гарантира безбедноста и стабилноста на Скопје, се истакнува во соопштението, што го пренесува ТАСС.

– Очекуваме Скопје да го потврди, во согласност со утврдената процедура, преземањето на обврските на Северноатлантската алијанса врз основа на потпишаните документи со Русија и конкретно Основачкиот акт од 1997 година и Римската декларација од 2002 година, се додава во соопштението на руското МНР.

Претходна статијаВо Франција од дома може да се излезе само со потврда – наш читател ни го испрати образецот (ФОТО)
Следна статијаНема ручек дека мама сега стана, тато лежи како труп – дете стана хит со описот што прават по дома за време на Корона